Општина Богданци за учениците и наставниците во основните и средните училишта во општината во соработка со Ристо Чавдаров и Факултетот за електротехника и информациски технологии ја  креираше платформата  Е-учење, портал за далечинско учење, учење од дома со примена на електронска комуникација.

Целта е да се создаде интерактивна настава, која ќе придонесе во надоместување на изгубениот наставен материјал и секојдневна интеракција со учениците.

Платформата за е-учење на Општина Богданци е изработена согласно насоките од Министерството за образование и наука за реализација и организација на наставата и оценување на учениците за време на вонредната состојба.

Учениците и наставниците во основните и средното училиште во општина Богданци за следење на наставата потребно е да пристапат на следниот линк: https://e-ucenje.bogdanci.gov.mk/

Ваквиот начин на учење доаѓа како резултат на состојбата за превенција и заштита од Covid – 19 (коронавирус).

Ви посакуваме многу успех!

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara