Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини. Вкупната вредност на проектите е 124 милиони денари, или 2 милиони евра.

За таа цел, на ден 18.07.2019 година во Владата на Република Северна Македонија Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи  потпишаа договори за финансирање на одобрените проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата. На настанот беа присутни и Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Во мерката за Развој на подрачја со специфични развојни потреби за Општина Богданци ќе се имплементира проектот: Реконструкција на дел од улиците: Гоце Делчев, Дваесетипетмина и Никола Карев во Стојаково. Вкупната проектирана вредност на овој проект е 3.811.535,70 денари од кои одобрени средства од програмата за рамномерен регионален развој се 3.000.000.00 денари.

Во мерката за Развој на селата ке се имплементира проектот: Реконструкција на улица Солунска во Селемли. Вкупната проектирана вредност на овој проект е 1.174.878,92 денари од кои одобрени средства од програмата за рамномерен регионален развој се 587.439.46 денари.

Станува збор за проекти, кои што решаваат значајни проблеми и имаат големо влијание на квалитетот на живеење на жителите во руралните населени места во општината.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara