Денес  (02.03.2020) во просториите на Владата на Република Северна Македонија  беше  потпишан Меморандум за разбирање за Проект за поврзување на локални патишта помеѓу Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Општина Богданци со кој се одобрени за реконструкција  улиците : 10-ти ОКТОМВРИ, ЃУРОВ ДОЛ, БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ, МИРКА ГИНОВА, МИРЧЕ ЏОЧКОВ, КОЧО РАЦИН И КРУШЕВСКА, сите во Богданци.

Проектот се финансира со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој – Светска Банка, од каде за општина Богданци во рамки на компонентата „Рехабилитација на локални патишта/улици и објекти покрај истите“ се обезбедени 598.790,00 евра.

Општина Богданци за потребите на проектот достави комплетна техничка документација за сите одобрени улици. По завршување на тендерската постапка веднаш ќе се почне со реализација на проектните активности  во тековната, 2020 година.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara