Поставувањето на дезинфекциските рампи на влезот во Богданци (кај „Драги Ком“) и на излезот од Гевгелија (кај „Македонија Пат“) е една од мерките кои ги превзеде  општина Богданци за спречување на внесување и ширење на Ковид 19. Поставените рампи се од голема важност за нашата општина бидејќи со автоматска дезинфекција на возилата се постигнува поголема ефинасност и намалување од потребата на човечки ресурси.Затоа изразуваме голема благодарност до ШТ ДООЕЛ Богданци, ГТ Логостик, Интер Комерц Гевгелија, Риве Шпед Богданци, Драги Ком Богданци и „Пери Макс“ Богданци кои ја покажаа својата општествена одговорност и ги покрија трошоците за изработка и монтажа на истите. Голема благодарност и до средното општинско училиште „Михајло Попин“ Скопје кое ја изработи конструкцијата на рампите.

Општина Богданци и понатаму продолжува со преземање на соодветни мерки за заштита од корона вирусот.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara