Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ПРОЕКТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА

Општина Богданци обезбеди финансиски  средства  од владата на РСМ преку заемот на Светска Банка за Проектот за поврзување на локалните патишта. Во рамки на овој проект ќе се изврши реконструкција на улиците: Мирче Џочков, Мирка Гинова,  Кочо Рацин,Браќа Миладинови,  Ѓуров дол и 10 Октомври во Богданци.

Надлежен орган за искористување на средствата е Министерството за транспорт и врски (МТВр) преку Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) со спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта (ППЛП).

Проектот и реализацијата на проектните градежни активности ќе имаат позитивно влијание врз општината, особено во подобрување на економијата на заедницата, животната средина и социјалните аспекти.

ЕИП во рамките на МТВр согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки ( за подетални информации преземи го документот кој е прикачен подолу),со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Јавноста, а особено заинтересираните и засегнатите страни, ќе може да ја искористат постапката за Механизам за жалби и поплаки и активно да учествуваат при реализација на Проектот.

Во рамките на овој механизам вклучен е и Образец за жалби и поплаки кој може да се користи од засегнатите и заинтересирани страни при изведување на градежните работи е подготвен за локалното население , доколку се случи еколошки или било каков друг инцидент или оштетување на приватна сопственост (преземи го документот кој е прикачен подолу).

Механизам за жалби и поплаки
Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |