Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, оствари средба со швајцарската амбасадорка Н.Е. Вероник Улман, на која присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Богданци, Борис Ванчев.

На состанокот се разговараше за актуелната состојба во општината и пошироко во регионот со посебен осврт на предизвиците со кои се соочува општина Богданци заради актуелната енергетска криза. Посебен интерес амбасадорката Улман изрази за работата на Советот на општината и развивањето на капацитетите на новите советници  во рамки на проектите подржани од нивна страна.

Беше нагласена досегашната соработка на општина Богданци со амбасадата на Швајцарија, односно со Швајцарската агенција за развој и соработка, и беа разменети мислења за продлабочување на соработката во иднина.

Амбасадорката Улман потоа  го посети Повеќенаменско спортско-рекреативнo катчe за деца и млади кој  во рамки на организираните форумски сесии произлезе како предлог од младите во Богданци, кои  се сретнаа со амбасадорката и во неврзан разговор, во пријатна атмосфера, разменија мислење за повеќе теми кои ги интересираат младите од Богданци.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara