На 30-та седница на Советот на Општина Богданци се разгледаа и едногласно се усвоија измените и дополнувањата на Буџетот на Општината за 2019 година, кој е зголемен за нови 32.560.234,00 денари .

Со Ребалансот, Буџетот на Општина Богданци за 2019 година изнесува 183.536.224,00 денари од кои :

  • Даночните приходи се планирани на износ од 23.254.613,00 денари
  • Неданочните приходи се планирани на износ од 10.162.500,00 денари
  • Капиталните приходи се планирани  на износ од 3.000.000,00 денари
  • Приходите од дотации се планирани на износ од  355.738,00 денари и
  • Приходите од трансферите се планирани на износ од  565.311,00 денари
  • Пренесен вишок од претходната година 24.198.062,00 денари.

Во измената и дополнувањето на Буџетот на општината во делот на наменската дотација се направени комплетни измени во речиси сите програми на единките корисници. Истите како и основниот буџет се намалени на ниво на циркуларот доставен од страна на Министерството за финансии каде блок дотацитаја за 2019 година им изнесува 68.181.571,00 денари и салдо од претходна година 5.174.167,00 денари.

Потребата од донесување на Ребаланс на Буџетот произлезе согласно одобрените средства од страна на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за следните проекти:

  • Реконструкција на локален пат Стојаково–Селемли, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 18.033.226,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 3.245.981,00 денар;
  • Реконструкција на улици во населено место Селеми, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 8.418.880,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 515.398,00 денари;
  • Реконструкција на пешачка и велосипедска патека Богданци-Чести Јавори-Паљурци, вкупната одобрена вредност за бараната инвестиција 10.681.140,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува922.605,00 денари ;
  • Ревитализација на локален пат Богданци – Стојаково – Ѓавато, вкупна одобрена вредност за бараната инвестиција 11.038.520,00 денари, каде обврска на општината е да го плати данокот за додадена вредност кој изнесува 1.986.933,00 денари.

АФПЗРР обезбеди средства во износ од 48.171.766,00 денари додека Општина Богданци за овие проекти ќе инвестира вкупно 8.670.917,00 денари. Вкупната инестиција изнесува 56.842.683,00 денари.

Структурата на ребалансот е така направена што средствата се насочени кон развој на општината како и подобрување на квалитетот на живот особено во руралните средини.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara