Општина Богданци го склучи договорот за реконструкција на локален пат Стојаково – Селемли со правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица согласно спроведената постапка за јавна набавка.

Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 21.275.400 денари, од кои 18.030.000 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Решение за одобрување на барање за финансиска поддршка. ДДВ е трошок на општина Богданци, кој изнесува 3.245.400 денари.

Согласно условите предвидени во договорот, активностите за реализација на проектот потребно е да завршат во рок од 120 дена.

Со реализација на овој договор ќе се подобри локалната патна инфраструктура, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се подигне нивото на квалитет на живот за жителите во населените места Стојаково и Селемли.

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara