БР. 11-149/9

од  16.03.2021 год.

Врз основа на член 62 став 10 од и член 50 Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по  Урбанистички проект со план за парцелација на КП 11480, 11476/2 и делови од КП 11478, 11477/1, 11476/1, 11473/2, 9952/1 во КО Богданци, општина Богданци

Граници на опфатот се : КП 11480, 11476/2 и делови од КП 11478, 11477/1, 11476/1, 11473/2, 9952/1, КО Богданци

Опфатот е со површина од 0,5860 ха.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистички проект со план за парцелација на КП 11480, 11476/2 и делови од КП 11478, 11477/1, 11476/1, 11473/2, 9952/1 во КО Богданци, општина Богданци со намена Г4- Стоваришта, складови, Отпади , Б4- Деловни простории и Д1- Парковско зеленило во КO Богданци, Општина Богданци,  ќе се спроведе со излагање на Проектот во просториите на Сала на Совет на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае петнаесет дена од 31.03.2021г. до 14.04.2021г., секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект со план за парцелација ќе се одржи на ден 31.03.2021 година во 09:00 часот во просториите на Салата на Совет на Општина Богданци.      

 УП за препарцелација

Анкетен лист за ЈА

ГРАДОНАЧАЛНИК

      Блаже Шапов

güvenilir canlı bahis en iyi casino siteleri 2021 en guvenilir casino siteleri 2021 linkegit.com