Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16,163/16, 90/17, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Богданци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по  Локална урбанистичка планска документација за Е2 – Комунална супраструктура (фотоволтаична електрична централа) на КП бр. 6170/1, КП бр. 6170/2, КП бр. 6166/1, КП бр. 6166/2, КП 6165, К.О. Стојаково, Општина Богданци

Граници на опфатот се: КП бр. 6170/1, КП бр. 6170/2, КП бр. 6166/1, КП бр. 6166/2 и КП бр. 6165К.О. Стојаково, Општина Богданци.

Опфатот е со површина од 1,6ха.

Јавната анкета и јавната презентација по Локална урбанистичка планска документација за Е2 – Комунална супраструктура (фотоволтаична електрична централа) на КП бр. 6170/1, КП бр. 6170/2, КП бр. 6166/1, КП бр. 6166/2, КП 6165, К.О. Стојаково, Општина Богданци со намена Е2 – Комунална супраструктура,  ќе се спроведе со излагање на планската документација во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае пет работни дена од 14.12.2021г. до 21.12.2021г., секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планската документација можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Локалната урбанистичка планска документација ќе се одржи на ден 14.12.2021 година во 12:00 часот во просториите на Салата на Совет на Општина Богданци.     

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Блаже Шапов

konya escort