Врз основа на член 46 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/20)  Градоначалникот на Општина Богданци го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од општина Богданци, дека Градоначалникот на општина Богданци ќе формира Партиципативно тело заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање согласно Законот за урбанизам.  Сите заинтересирани странки кои сакаат да учествуваат во истото, може да достават пријава во архивот на Општина Богданци со читко наведено име презиме, адреса, е-маил,  телефон и занимање во времетраење од 30 дена, а најдоцна до 12.02.2021 година.

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија

Партиципативното тело се состои од членови на комисијата за урбанизам на општината, што ги одредува градоначалникот, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Учеството на лицата вработени во единицата на локалната самоуправа во партиципативното тело е по службена должност, а на лицата што не се вработени во единицата на локалната самоуправа учеството е на доброволна основа.

Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија.

 

                                                                  Градоначалник на Општина Богданци

                                                                                Блаже Шапов

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara