Општина Богданци ги известува православните верници дека на ден 19.01.2020 година по повод празникот Богојавление-Водици на браната Паљурци со почеток во 12 часот ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст.
Се известуваат сите жители на населено место Стојаково дека потопувањето на светиот крст ќе се случи кај браната во с.Селемли со почеток во 11.30 часот, додека во Ѓавото чинот ќе се оддржи во водите на реката Вардар со почеток во 11.00 часот.