ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ контролна листа на
План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци,
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Богданци аплицираше со проект за санација на постоен пат, ул. „Крушевска“ општина Богданци.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Богданци (https://bogdanci.gov.mk/) на 25 Септември 2020.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерството за транспорт и врски
Образец за доставување коментари
ESMP Checklist_ Project Bogdanci_MK_9.9.20_SPA
ESMP Checklist_ Project Bogdanci_ENG_25.9.20_SPA