Почитувани сограѓани, ценети пријатели

Дозволете ми во овој последен ден од 2021 година, во името на Локалната самоуправа и во мое лично име, да Ви упатам честитки во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, со искрени желби за добро здравје, лична, семејна и општествена благосостојба, радост, љубов, спокој и меѓусебна почит на сите.

И оваа година беше специфична по многу нешта а нашето живеење и функционирање беше променето поради присутната пандемија од Ковид 19. Токму затоа, посакувам во Новата 2022 година да им се радуваме на малите нешта што ја чинат големината на животот и да им го посветиме целото наше внимание,  љубов и почит на нашите семејства, на нашите деца, на нашите пријатели.

Апелирам до сите празниците кои ни претстојат да ги поминете одговорно, без масовни групирања, со единствена цел да го заштитиме сопственото и здравјето на нашите најмили.

Да останаме сите во добро здравје и добро расположение.

Нека Ви е среќна, весела и бериќетна Новата 2022 година!

            Со почит,

             Блаже Шапов – Градоначалник на Општина Богданци

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara