Третата форумска сесија во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“(  кој е финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации), во

општина Богданци, се одржа 18.08.2020 во ООУ Петар Мусев, Богданци во 20.00. Присутни беа 34 граѓани и градоначалникот Г-ин Блаже Шапов.

На форумот од пет прифатени концепти минатата сесија, сега беа презентирани четири предлог проекти. Предлагачите на концептот Реконструкција на сали за состаноци во урбани и месни заедници се откажаа од понатамошно развивање на проектот.

Се презентираа, останатите четири предлог проекти, по следниот редослед :

  1. Опремување и уредување на Дом на култура Стојаково и Дом на култура „Бранд Петрушев“, каде се констатира дека делот за домот во Богданци ќе отпадне бидејќи немаше интерес од групата да се доразвие овој дел од проектот,
  2. Опремување на кабинети по природни науки и медиатеки
  3. Безбеден граѓанин – среќен граѓанин (поставување хоризонтална и вертикална сигнализација во Богданци)
  4. Спортско – рекреативни катчиња

Форумот ги прифати сите предлог проекти  со следните заклучоци и препораки, да се дополнат сите предлози, каде има потреба, да се постапи по  секоја забелешка, со посебен акцент на одржливоста, буџетот и активностите.

Овие предлог проекти се натпреваруваат рамноправно  за финансирање од страна на донаторот по однапред утврдени правила за избор.

 

 

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara