На моите сограѓани од православна вероисповест, по повод големиот христијански празник Велигден им ги упатувам своите најискрени честитки. Посакувам во сите домови да владее среќа, спокојство, благодет, почит и христијанската љубов. Во здравје и празнично расположение, во духот на христијанската вера, да ја потврдиме вредноста на нашата духовност споделувајќи безусловна љубов со најблиските.
Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден нека ни носи нова радост, среќа и бериќет, нека ни дава сила да се справиме со искушенијата, да се почитуваме и да ја градиме подобрата иднина.
Нека ни е честит Велигден!
Христос воскресна!
Навистина воскресна!