Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Пред 78години, на 10 октомври 1944 година Богданци ја дочека слободата.

Со положување свежо цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци,  Општина Богданци го одбележа Денот на општината, 10-ти Октомври. На настанот присуствуваа градоначалникот Блаже Шапов, претседателот на Советот Борис Ванчев, претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, претставници од општинските училишта и детската градинка и граѓани кои им оддадоа достојна почит на луѓето заслужни за нашата слобода.

Да се биде денес пред спомен бистите на Ослободителите, значи да се даде почит на сите кои ги дале животите за самостојна Република Македонија, да се даде благодарност кон сите ослободители кои не го дочекале остварувањето на вековните идеали.

Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на  сите борци  кои   ги положија своите животи за слободен град.  Пишаната историја го забележала овој датум  како симбол  за градење слободно, мирно и модерно Богданци.

По овој повод, во соработка со Сојуз на училишен спорт на Општина Богданци беа организирани и улични трки во Богданци за учениците од основните училишта и СОУ „Богданци“ во неколку категории, кои беа соодветно наградени. Празникот вечерва ќе се одбележи во ДК „Бранд Петрушев“ со пригодна културно уметничка програма со почеток во 19.00 часот.

Нека ни е честит празникот 10 Октомври  – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!

Ви посакувам добро здравје и уште многу вакви годишнини.

Градоначалник на Општина Богданци

Блаже Шапов

istanbul travesti Magazin |