Денес достојно се одбележа Денот на општината, 10-ти Октомври, 76 години од ослободувањето на Богданци од фашистичките окупатори. Имајќи ја во предвид ситуацијата со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, свеченото одбележување се состоеше единствено од положување на свежо цвеќе на бистите на паднатите борци од страна на Градоначалникот Блаже Шапов, Претседателот на Советот Елена Шутарова, пратеничката во Собранието на РСМ од Богданци Драгица Ѓавочанова, претставници од Сојузот на борци и пензионери, како и претставници од општинската администрација кои им оддадоа достојна почит на луѓето заслужни за нашата слобода.
За да овој голем ден за општината биде уште поголем е и поврзувањето на државниот празник, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, кои сплотени заедно ја поврзуваат историјата на нашиот народ во борбата за слобода од фашистичкиот окупатор.
Нека ни е честит празникот 10 Октомври – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!
Да го забележиме времето во кое живееме, но никогаш да не ги запоставиме заслугите на постарите генерации. Не смееме да заборавиме дека поради нивната саможртва денес живееме во слободно и независно Богданци, кој беше сон на многу генерации на наши храбри сограѓани низ вековите а денес е наша реалност.
Ви посакувам добро здравје и уште многу вакви годишнини.
Градоначалник на Општина Богданци
Блаже Шапов