Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

СООПШТЕНИЕ

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на Програмата за Општинско-корисна работа од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот повик може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

–       Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)                    

–       Млади лица до 29 години

–       Лица постари од 50 години

–       Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

–       Лица корисници на гарантирана минимална помош

–       Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

–       Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

–       Жртви на семејно насилство

–       Лица со попреченост

–       Жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

–       Лица припадници на ромската етничка заедница

–       Лица на кои им е решен статусот со лична документација

–       Самохрани родители

–       Родители на деца со пречки во развојот

–       Родители на 3 и повеке деца

–       Родители на деца на улица

–       Бездомни лица

–       Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 13.750 денари со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за следните работни места:

  • 2 позиции: 2 асистенти за помош и поддршка при самостојно живеење

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот повик е отворен од 07.06.2023 до 15.06.2023 година.

Јавен оглас за Општокорисна работа 2023

istanbul travesti Magazin |