Арх.бр.09-2225/1

од 05.12.2018 год.

Врз основа на член 8 став 1 од Закон за финансиска подршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,, Службен весник на РМ“ бр.209/18), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2018

            Со овој јавен повик се повикуваат сите доверители на Општина Богданци и единки корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Богданци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

            Пријавата треба да содржи:

-целосен назив на физичко/правното лице и седиште;

-матичен и даночен број на доверителот;

-телефон за контакт и маил адреса;

-сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на најзината обврска.

Со пријавата во која ќе биде назначено дали истата се однесува на Општина Богданци или за единките корисници, доверителите треба да достават:

– Тековна состојба ( за правните лица), не постара од шест месеци, во оригинал или копија заверена на нотар / фотокопија од лична карта за физички лица заверена на нотар;

– Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања врз основа на која е настаната обврската;

Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријават ќе бидат дополнително известени.

По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.

Рокот за пријавување на јавниот повик  е 15 дена, а започнува да тече наредниот ден од денот на објавување на повикот.

Повикот ќе биде објавен на огласна табла на Општина Богданци, на web страната на Општина Богданци и во два дневни весника .

Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до архивата на Општина Богданци ул.,,Маршал Тито“ бр.62 Богданци , со назнака ,, За Јавен повик бр.1/2018 за пријава за доверители“ или по пошта со препорачена пратка.

Ненавремени пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara