Одделението за правни и општи работи ги врши работите што се однесуваат на
- приготвување и поднесување на материјали и списи за судски постапки во кои општината е тужител и тужен;
- примената на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;
- подготвување на постапка за решавање во управни спорови;
- водење на управни постапки;
- подготвување на актите на Градоначалникот и Совет;
- ракување и чување на документи на општината до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ;
- канцелариско и архивско работење;
- заштита и одржување на зградата на органите на општината и другиот имот;
- други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.“.
Раководител на одделение за правни и општи работи: Силвана Данаилова, тел. за контакт 078 321 512; емаил адреса: silvanauzunova@gmail.com;