Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат единаесет претставници на граѓаните избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Мандатот на членовите на Советот трае четири години.

Членот на Советот има право и должност:

  • да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
  • да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
  • да бара од администрацијата на Општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
  • да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
  • да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.

Врз основа на член 45 став 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Р.Македонија“ бр.12/2019), Општина Богданци објавува податоци за членови на Советот кои имаат правни лица во нивна сопственост, акции или удели или управувачка функција:

  • Никола Шелдаров, сопственик на Друштво за производство на леб и бели пецива со трговија и услуги МОНЕТА, Никола ДООЕЛ с.Стојаково и
  • Стоимир Дронов, сопственик на транспортна фирма ДРОНЕ ТРАНСПОРТ ДООЕЛ Богданци.

Деловник на Советот на општина Богданци

Бр.Име и презиметелефонадресамејл
1.Никола Стратров078/801-647ул.Маршал Тито бр.150, Богданциnikolastratrov@gmail.com
2.Стојанка Јовановиќ071/211-491ул.Бранд Петрушев бр.49, Богданциjovanovikstojanka@yahoo.com
3.Никола Шелдаров070/235-320ул.Гоце Делчев бр.78, с. Стојаково, Богданциmoneta.stojakovo@gmail.com
4.Елена Шутарова070/564-440Ул. Маршал Тито бр.22, Богданциstanceelence@yahoo.com
5.Динко Олумчев078/250-421ул. Атанас Бојков бр.17, Богданциolumdinko25@gmail.com
6.Стоимир Дронов078/620-533ул. Кочо Рацин бр.4, Богданциstoimirdronov@yahoo.com
7.Борис Роглев071/352-089ул. Маршал Тито бр. 149, Богданциroglevboris@gmail.com
8.Анила Роглева071/606-316ул.Кочо Рацин бр.3, Богданциani_georgji@hotmail.com
9.Љупчо Карапеев070/652-885ул. Васо Марков бр.106, Богданциljkarapeev1@gmail.com
10.Борис Ванчев071/207-148ул. Мирче Ацев бр.57, Богданциboro_vancev@yahoo.com
11.Михаил Тодоров072/206-360ул. Маршал Тито бр.66, с. Стојаково, Богданциmihailtodorov2808@gmail.com

istanbul travesti Magazin |