Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за опшптинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2020) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

  • Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • Млади лица до 29 години
  • Лица постари од 50 години
  • Лица корисници на гарантирана минимална помош
  • Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • Жртви на семејно насилство
  • Лица со попреченост
  • Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • Лица припадници на ромската етничка заедница
  • Лица на кои им е решен статусот со лична документација
  • Самохрани родители
  • Родители на деца со пречки во развојот
  • Родители на 3 и повеке деца
  • Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во општина Богданци ке се ангажираат 2 (две) лица за период од 6/7 (шест/седум) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:

  • Негувател за стари лица (оддржувач на хигиена)
  • Негувател за стари лица (општ работник)

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот оглас е отворен од 20.08.2020 до 26.08.2020 година.

Јавен повик ОКР 2020

konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara