Почитувани ученици, родители, наставници!
Ви упатувам честитки по повод започнувањето на новата учебна 2023/2024 година со искрени желби во неа да тргнете со насмевка, обновена енергија и оптимизам.
Денес, 01 септември со пригодни свечености беа пречекани првачињата во двете основни училишта во општината, ООУ „Петар Мусев“-Богданци и ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково. На овој ден, нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во својот живот, справувајќи се со разни предизвици и моменти. Им посакувам лесно да ги совладуваат сите нови искуства и знаења.
Исто така новата учебна година стартуваше и во средното општинско училиште „Богданци“-Богданци а голем ден беше и за дечињата од Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“.
Среќна и успешна нова учебна година!