Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 29 став 4 и член 50 став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци

Граници на опфатот се :

  • Од североисточна страна граничи со КП бр.8172, 6634/1, 6624/1, 6611/1, 6610/2, 6608/12, 6608/14 и 6608/15;
  • Од северозападната страна граничи со КП.бр.6607;
  • Од југозападната страна граничи со локалниот асвалтен пат Ѓавато- Стојаково и
  • Од југоисточната страна граничи со КП. бр. 8172

Опфатот е со површина од 31630 м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци, тех .бр 03-06/23 од Јуни 2023 г., изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР Благоја ДООЕЛ увоз-извоз Струга, ќе се спроведе со излагање на Проектот во просториите на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае триесет дена од 21.08.2023г. до 20.09.2023г., секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект со план за парцелација ќе се одржи на ден 13.09.2023 година во 14:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.

Најава за прекин во испораката на електрична енергија на 25.07.2023

Почитувани,

Согласно добиените податоци од ЕВН Македонија – КЕЦ Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 25.07.2023 од 06:00 до 10:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други), заради интервенција на водот.

Денеска е Света Недела, честит празник Стојаково!

Денеска е Св. великомаченица Недела, празник на честа, посветеноста на вера и вербата.
Света Недела е голем христијански празник посветен на маченицата Недела, и се празнува на 20-ти јули, ден кога жителите на Стојаково традиционално секоја година го прославуваат патронот на Православната Црква која го носи нејзиното име.

Света Недела е заштитничка на ова населено место и затоа им посакувам на сите граѓани овој голем и важен ден за нив да го поминат во добро здравје и убаво расположение.Честит панаѓур!

Теристичка дезинсекција против возрасни комарци на 18.07.2023 година

Општина Богданци ги известува граѓаните дека на ден 18.07.2023 година (вторник) од 20.00 часот, ќе се врши теристичка дезинсекција на подрачјето на општината против возрасни комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Делегација од општина Богданци во посета на општина Ѓаково

Делегација од општина Богданци предводена од градоначалникот Г-ин Блаже Шапов ја посети општина Ѓаково, Република Хрватска, на покана од градоначалникот Марин Мандариќ. Повод за поканата беа традиционалните 57- ми Ѓаковачки везови, кои  во петокот (07.07.2023 год.) свечено беа отворени пред Штросмајеровата катедрала во Ѓаково.

            Од посебна важност е што оваа година Република Северна Македонија е земја партнер на манифестацијата.

            Во рамки на посетата, делегацијата покрај присуството на свеченото отварање оствари и :

На изложбениот дел од манифестацијата учество земаа неколку компании од општина Богданци и соседните општини преставувајќи се со традиционални локални производи.

            На работниот состанок градоначалникот Г-ин Блаже Шапов и градоначалникот Марин Мандариќ ги договорија следните чекори  кон воспоставување на соработка помеѓу општина Богданци и општина Ѓаково кои активности ќе продолжат на есен на возвратната посета од општина Ѓаково.

Општина Богданци со апел до граѓаните за заштита од предизвикување на пожари

Општина Богданци имајќи ја во предвид претстојната летна сезона и поголемата можност за настанување пожари, апелира до граѓаните за преземање на превентивни мерки за заштита од пожари. Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобили да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, освен на местата определени за таа намена. Да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи. 

Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности на своите поседи да не ги палат стрништата за да не дојде до опожарување на околината, а останатите да се воздржат од какво било палење оган на отворено. Сопствениците на напуштетните приватни парцели редовно да ја искосат сувата вегетација, а сопствениците на викендици, штали и други видови објекти да ги зголемат мерките на претпазливост. Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193, 112 и на 034/222-333.

Отворена подрачна канцеларија за социјални работи во Општина Богданци

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.

Од денес, жителите на Општина Богданци заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права и услуги во своето место на живеење.Тоа се 569 корисници на социјални права, 40 корисници на социјални услуги односно над 600 корисници на права и услуги од системот за социјална заштита од Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селемлија. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Гевгелија за остварување на правата и услугите од системот на социјална заштита.

Канцеларијата се наоѓа во општинските простории на Богданци  каде граѓаните ќе ги добиваат социјалните услуги.

Теристичка дезинсекција на возрасни комарци на 28.06.2023 година

Општина Богданци ги известува граѓаните дека на ден 28.06.2023 година (среда) од 20.00 часот, ќе се врши теристичка дезинсекција на подрачјето на општината против возрасни комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Продолжено работно време на угостителските објекти на 24.06.2023 година

Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 22.06.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 24 јуни 2023 година (сабота наспроти недела).

            Согласно донесената одлука Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на ден 24 јуни 2023 година (сабота наспроти недела) ќе биде продолжено за еден час.

istanbul travesti Magazin |