Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Богданци како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина!“ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да биде информиран дека со навремено подмируваме на данокот на имот, се полни директно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирање на планираните јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за подобрување на условите за живеење и развојот на општината.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.facebook.com/SRMANorthMacedonia/videos/818379803237834 и информирајте се повеќе од летокот објавен на линкот

Премиерот Ковачевски во посета на Општина Богданци

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денес, 12.06.2023  ја посетија Општина Богданци. 

Цел на посетата беше да се изврши увид на почетокот на проектот за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци.

Премиерот Ковачевски на своето обраќање истакна: „Денеска овде заедно со вас, го означуваме отпочнувањето на реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци, исклучително важен проект за оваа општина со што ќе се обезбедат здрава вода за пиење, намалување на финансиските загуби и воведување на високи стандарди за управување со водите во Богданци. Ова е еден од најголемите инфраструктурни проекти за водоснабдување што е целосно финансиран со домашни, буџетски средства, а во неговата имплементација вклучуваме модерни технологии. Дополнителна вредност на проектот е што парите повторно ќе се вратат назад бидејќи ќе работат домашни компании, со тоа што и материјалите кои се вградени се од компании, едни од најреномираните европски производители на цевки тука од овој крај, како и градежни компании кои работат на проектот.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова изјави дека изградбата на оваа инфраструктура во Богданци носи повеќекратни бенефити.

„Со проекти како што е овој во Богданци, градиме инфраструктура која е директно поврзана со обезбедување на квалитетен живот за граѓаните. Бенефитите се повеќекратни: модерен систем за водоснабдување, чиста вода за над 5.000 жители за овој регион, замена на старите азбестни цевки, спречување на загуба на вода во системот, што значи заштеда на финансии и за домаќинствата и за општината, и најпосле и вклучување на домашни компании со што се развива домашната економија и се отвораат нови работни места“, истакна министерката Шукова. 

Градоначалникот на Oпштина Богданци, Блаже Шапов го окарактеризира овој проект како капитален и корисен за жителите на Богданци.

„Здравствените ризици, недостигот од вода во одредени зони во градот, честите дефекти и загуби на вода, непостоење на подземен катастар се причините заради кои се одлучивме на реконструкција на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во Богданци. Ваквите капитални проекти освен што ги задоволуваат потребите на граѓаните создаваат услови за раст на локалната економија“, изјави Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов на денешното означување на почетокот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци.

Изведбата на овој проект чини над 4 милиони евра, со рок на изведба 40 месеци. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди квалитетна и чиста вода за пиење за домаќинствата во Богданци и околината.

Реконструкцијата на водоводната мрежа е обемна активност која има за резултат раскопани улици, оневозможен пристап до домовите и објектите, исклучување на вода – насекаде во   Богданци,  па од овие причини, Градоначалникот на овој настан упати голема БЛАГОДАРНОСТ заради искажаното огромно трпение  и толеранција од страна на граѓаните.

Фестивал на дивите смокви во Богданци

Традиционалната манифестација за подготовка и презентација на слаткото од диви смокви и годинава по 12-ти пат се оддржа во Богданци, на 14-ти Мај, недела со почеток во 12.00 часот во Градскиот Парк.

            Организаторот на настанот „Slow Food Еко Росалес“ од Богданци преку организирањето на Фестивалот на дивите смокви има за цел да ги промовира плодовите од југот на земјата со цел заштита на биодиверзитетот, но и заштита на традиционалните домашни вредности од ова поднебје.

            Слаткото од диви смокви го подготвуваа екипи од Богданци, Гевгелија, Валандово и Дојран кој процес траеше повеќе часови, па затоа фестивалскиот настан беше збогатен и со пригодна програма на која настапија локални изведувачи и тоа: Пеачка група при Здружението на пензионери од Богданци, КУД „Бранд Петрушев“, Слободанка Арнаудова, „Фониа“, Марија Ичкова, Ице Горичев, Валери Заров, Здравко, Ристо-Тарабан и Милош и ФА „Мегдан“.

            Настанот беше посетен и од страна на Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова а имаше и гости од Битола, Струга, Велес, Берово, Скопје, Прилеп, Крива Паланка, Пробиштип и Италија кои  промовираа нивни домашни традиционални производи.

          

  Фестивалот е поддржан од Општина Богданци и бројни локални фирми и приватни стопанственици.

Денес Богданци го празнува св.Атанасиј летен

Денес се празнува Свети Атанасиј летен, патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци!!! Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие и е еден од столбовите на христијанската црква. Овој светец е заштитник на многу домови и семејства а за нас е од големо значење бидејќи Богданци го празнува овој ден. Според старите, се смета дека зимата дефинитивно си заминува. 

Со претпразнични и празнични црквени богослужби и принесување на народна трпеза и годинава достојно се одбележа патронот – заштитник на Богданци.

Нека ни е честит овој ден!

Ви посакувам добро здравје,  благосостојба и мирен духовен живот.

На 12-ти мај, петок, продолжено работно време на угостителските објекти

Советот на Општина Богданци на седницата оддржана на 10.05.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 12 мај 2023 година (петок наспроти сабота).

            Согласно донесената одлука, Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на 12 мај 2023 година (петок наспроти сабота) ќе биде продолжено за еден час.

ПОКАНА Ден на Астрагалусот

06.05.2023 година (сабота): 10 часот, Градски парк Богданци

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на настанот на кој ќе го славиме Астрагалусот (AstragalusPhysocalyx), растение чие станиште е на територијата на општина Богданци во Значајното растително подрачје „Богданци“.

Astragalusphysocalyxили меурест козинец се наоѓа на листата на Строго заштитени диви видови во Македонија, на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red list of Threatened Species), како и на првата Црвена листа на загрозени видови во С. Македонија.

Настанот ќе се одржи на 06 мај 2023 година (сабота) со почеток од 10 часот. Овој настан се реализира во рамките на проектот „Градење на локалните капацитети за управување со Значајното растително подрачје Богданци“ кој го спроведува Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, финансиски поддржан од Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF).

Кон спроведување на настанот ни се придружи и Општина Богданци која го поддржа ПОЛИМАТ 13 во прославата на Денот на Астрагалусот.

Ќе ни претставува особено задоволство доколку одлучите да ја поминете сабота 06 мај 2023 година во Богданци на настан кој за прв пат го реализираме оваа година.

Се радуваме на Вашето присуство и поддршка во славење на нашата природна реткост и убавина – меурест козинец (Astragalusphysocalyx).Во прилог се наоѓа агендата и линк од Facebook настанот:

https://www.facebook.com/events/3412010405751326?ref=newsfeed

_________________________________________________________________________

Ден на Астрагалусот

Датум: 06.05.2023 (сабота)

Време: 10:00 часот

Место: Градски парк, Богданци

АГЕНДА

09:30 – 10:00 Пристигнување на учесници. Збирното место е кај првата информативна табла.

10:00 – 12:30 Искачување по патеката на Астрагалусот. Должината на патеката е вкупно 4 км во два правци со прикладна облека и обувки и задолжително носење на вода.

16:00 – 17:00 Ликовна работилница за деца. Учесници се дечиња од детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“.

17:00 – 19:30 Квизови на знаење. Учесници по тимови се ученици од основните и средното училиште од општина Богданци.

19:30 – 20:00 Доделување на награди

20:00 – 22:00 Концерт

Оддржани традиционалните Првомајски трки во Стојаково

И оваа година, Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци ги организирaше традиционалните Првомајски трки. Станува збор за натпревари во неколку дисциплини, како и богата културно-уметничка програма што секоја година се одржуваат на Први мај во Стојаково-традиција што се негува од 1951 година и веќе 72 години е заштитен белег на жителите од ова населено место.

            Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини, трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, скокање во вреќи, трка на 1500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже. Она што беше новитет, оваа година е воведување на нова дисциплина, нова трка, насловена како РАБОТНИЧКА ТРКА.Трката беше на 100 метри со рачна количка.

            На првите три натпреварувачи во сите категории, им  беа доделени и парични награди.

          Културно-уметничката програма ја исполнија членовите на Играорната фолклорна група од Стојаково, која работи во состав на КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, како и танцовата група „ДИВА“.

Одбележан денот на излегувањето на првите партизани од Богданци

По повод 26-ти Април, Денот кога пред 80 години излегле првите партизани од Богданци, Гевгелија и Гевгелиско, локалната самоуправа, Здружението на борците и членови на Општинското Здружение на Пензионери им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со положување цвеќе пред бистите во Градскиот парк во Богданци. На настанот присутни беа и Претседателот на Советот – Борис Ванчев, Директорот и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци.

Излегувањето на партизаните од овој крај се совпаднало со Велигденските празници во 1943 година, кога било договерено тие да излегуваат во групи поради безбедносни причини а првата група партизани излегла токму на 26 април, значаен ден за историјата на Богданци. Првата група ја сочинувале 10 луѓе, а од Богданци биле Коста Поп Ристов, Илија Калчев, Ване Калчев и Петар Мусев.

По тој повод на денешен ден се празнува и патрониот празник на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци,

Честит да ни биде Денот на училиштето, честит и вековит да биде споменот на нашиот патрон, Петар Мусев.

Водата од системот за водоснабдување во Богданци до четврток да се користи само како техничка

Се известуваат граѓаните на Богданци дека поради дефект на водоводната мрежа да не ја користат водата за пиење и готвење започнувајќи од денес, вторник (25-ти Април)  заклучно со четврток (27 – ми април). Водата од системот за водоснабдување овие три дена да се користи само за техничка употреба.

Се надеваме на разбирање.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |