Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Светиот крст во Богданци во рацете на Саше Михајловиќ

23 годишниот Саше Михајловиќ годинава е најсреќниот учесник во црковната манифестација на положување на светиот крст во водата на брана Паљурци во Богданци. Во Ѓавото крстот го фати Перо Попов, а во Селемли Ристо Влахов од Стојаково.

Општина Богданци среќните учесници кои го фатија крстот ги даруваше со ваучери во износ од 10 000 денари а пригодни подароци добија и од локалната бизнис заедница.

На сите нека им даде Господ здравје, среќа и бериќет ним и нивните најблиски.

Бог се јави! Навистина се јави!

За многу години денешниот ден!

Соопштение по повод претстојниот празник Богојавление, Водици

Општина Богданци по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештените лица од црквите „Св.Атанасиј Велики“ Богданци и св.„Недела“ Стојаково, ќе oрганизира потопување на светиот крст во водите на брана „Паљурци“ во Богданци со почеток во 12 часот и брана „Селемли“ Селемли и река „Вардар“ во Ѓавото со почеток во 11.00 часот.

За таа цел се повикуваат сите заинтересирани лица на ден 19.01.2024 година (петок) да присуствуваат на оваа манифестација и со својата масовност да го одбележат овој голем ден за сите христијани.

СРЕЌЕН БОЖИЌ!

Ми претставува големо задоволство, во овие празнични денови, да Ви посакам весел и благословен Божиќ, добро здравје, лична и семејна среќа и многу успех . Сплотени, со отворени срца и чиста мисла, да го празнуваме Божиќ и низ вера и надеж, да се помолиме за здравје, среќа и спокој. Да успееме во овие времиња, да ја зачуваме Божиќната магија и во текот на цела година, да веруваме, зашто вербата ја прави секоја мисија возможна, да се надеваме зашто надежта го прави секој подвиг достижен и низ труд и работа да постигнуваме успех. Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година. Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години! ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ

Коледарски оган во Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавото

Почитувани,

Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2024 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган.

Во Богданци настанот ќе се оддржи во петок, 05.01.2024 година во Градскиот парк со почеток во 18.30 часот.

Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 Маркети.

Во забавниот дел од програмата учество ќе земат локални музички изведувачи.

Во Ѓавото бадниковиот хепенинг ќе се оддржи во петок, со почеток во 18.00 часот

Во сабота, 06.01.2024 година, истиот настан во организација  на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во Спортска Сала „Стефан Мандалов – Манданата“ со почеток во 18.00 часот, а во организација на Месната Заедница Селемли бадникарски оган ќе се пали и во Селемли со почеток во 18.00 часот.

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08-1859/19 од 28.12.2023 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 16/22), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2024 година за финансирање на активности од областа на социјалната заштита, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици за периодот од месеците јануари-декември 2024 година.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од две компоненти тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата или
  2. покривање на трошоците  за ѓубретарина од 300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата

Субвенционирањето ќе можат да го користат само за едната компонента.

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот на Општина Богданци имаат:

  • Лица корисници на социјална парична помош;
  • Да е корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци,

       Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

  • Потврда дека е корисник на социјaлна парична помош;
  • Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;
  • Лична карта (на увид);

      Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архивата на општина Богданци или преку пошта, на адреса : Oпштина  Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.62 Богданци;

      Јавниот оглас ќе се објави на веб страницата на општина Богданци www.bogdanci.gov.mk , а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 18.01.2024 година до 16 часот во архивата на Општина Богданци.

ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ВО БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници денес Градоначалникот ја имаше можноста да присуствува во просториите на детската градинка ,, Коста Поп Ристов Делчев” и заедно со нашите најмлади сограѓани и воспитниот тим  ја испратија старата и посакаа добредојде на Новата 2024 година. Престојот беше искористен да ја погледнеме новогодишната приредба подготвена и во изведба на воспитниот тим и дел од дечињата. На сите дечиња кои престојуваат во градинките во Богданци и Стојаково им беа поделени новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од буџетот на општина Богданци. Пакетчиња беа поделени и на децата со попреченост во Богданци, на децата од социјално ранливите семејства и на корисниците во Дневниот Центар Гевгелија.

istanbul travesti Magazin |