Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Закажана петнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека петнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 16.06.2022 година (четврток) со почеток во 14.30 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
  2. Советнички прашања.

 

Закажана четиринаесеттата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека четиринаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 06.06.2022 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог-Програма за измена на Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  2. Предлог-Програма за измена на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  3. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
  4. Предлог-Одлука за измена на одлуката за извршување на Буџетот на општина Богданци за 2022 година,
  5. Советнички прашања.

Закажана тринаесеттата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека тринаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 25.05.2022 година (среда) со почеток во 12.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог –Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација;
  2. Предлог-Програма за измена на Програмата за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2022 година;
  3. Предлог-Програма за измена на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2022 година;
  4. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2022 година;
  5. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Богданци за 2022 година;
  6. Предлог-Одлука за измена на одлуката за извршување на Буџетот на општина Богданци за 2022 година;
  7. Предлог-Одлука за усвојување на почетниот биланс, годишните сметки за 2021 и 2022 и извештајот за материјалното и финансиското работење на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“-Струмица –во ликвидација и одобрување на работата на ликвидаторот;
  8. Предлог-Одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатие за бездомни кучиња „АСТРА –ЛУНА“-Струмица -во ликвидација и за разрешување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“-Струмица -во ликвидација;
  9. Предлог-Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Богданци 2022-2026;
  10. Предлог-Измена на Годишен план за вработување за 2022 година на ООУ „Кирил и Методиј“-Стојаково.

 

Во Богданци ќе се оддржи осмата седница на Советот за развој на Југоисточниот Плански Регион

Во просториите на Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци, денес 28.04.2022 година, со почеток во 10.00 часот ќе се оддржи осмата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Усвојување на Записникот од VII (седмата) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион;
  2. Презентација на можностите за поставување на „Пластикмати“ за рециклирање во Југоисточниот плански регион од страна на Г-а Мирјана Македонска, национален програмски координатор на СДЦ со претставник од ПАКОМАК;
  3. Презентација на Предлог-проектите од страна на надворешниот експерт и информација за приоритетната листа на концепт решенијата предложена од учесниците на втората форумска сесија;
  4. Донесување на Одлука за утврдување на Листа на регионални предлог- проекти за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година;
  5. Разно.

Закажана 12-та седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека дванаесеттата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 27.04.2022 година (среда) со почеток во 13.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

На седницата ќе се работи по следниот

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Предлог –Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Богданци за периодот јануари-март 2022 година;
  2. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 8528);
  3. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 10291);
  4. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 9433);
  5. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 10023);
  6. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 10744);
  7. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 9337);
  8. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти ( КП бр. 9362);
  9. Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправниот објект во истата (КП бр. 7556/1);
  10. Годишна сметка за 2021 година на ЈП „Комунална чистота“ – Богданци;
  11. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година;
  12. Предлог-Измена годишен план за вработување на Општина Богданци за 2022 година;
  13. Советнички прашања.

 

istanbul travesti Magazin |