Ве известуваме дека шеесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 17.09.2021 година (петок) со почеток во 14.00 часот во Домот на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на СОУ „Богданци“-Богданци учебната 2020/2021 година;
- Годишна програма за работа на СОУ „Богданци“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
- Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2020/2021 година;
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци за учебната 2021/2022 година;
- Разгледување на Одлука за формирање Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Разгледување на Одлука за утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал и поголем број на деца во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци;
- Советнички прашања.