Општина Богданци                                                                                          

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДОМ НА КУЛТУРАТА ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Во рамки на проектот  „Отворена врата за културна размена - Градење на заедничка европска иднина“  (Бр. 2007CB16IPO007-2012-3-039) од  ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија,CCIбр. 2007CB16IPO007, помеѓу партнерите општина Богданци и општина Кустендил во тек се активностите за реконструкција и адаптација на домот на култура во општина Богданци.

Оваа проектна активност е планирана во вкупниот буџет на проектот во буџетската линија 6, за потребите на оваа активност е распишан тендер и завршени се сите потребни процедури за избор на најповолен понудувач.

Како најповолен на тендерот е избран изведувачот „ВИА ДОО од Вевчани” со вредност на договорот од 77 113,07 eur.

Проектните активности стартуваа претходната недела и очекуваме да завршат до крајот на април 2015 год.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАЛИНОВАЦ

На покана од  Началникот на општина Калиновац, Г-ин Бранко Собота по повод денот на општина Калиновац,  делегација од општина Богданци ја посети општина Калиновац во периодот од 17– 19.10.2014 година.

Позначајни настани на кои присуствуваше и зеде учество нашата делегација беа свечената седница на општинскиот совет на општина Калиновац по повод денот на општината , присуство на свечена миса за одбележување на празникот на заштитникот на црквата св. Лука, Фестивалот на фолклорот со наслов "Pjesmom i plesom do prijateljstva"и меѓународната изложба на ракија во организација на земјоделската задруга во општина Калиновац.

Беа остварени работнисредби со директорите на детската градинка и основното училиште во општина Калиновац со цел продолжување и развивање на соработкасо соодветните установи  во општина Богданци, ЈОУДГ Коста Поп Ристов Делчев Богданци и ОУ Кирил и Методиј Стојаково

Беше оддржана работна средба со општинската администрација на општина Калиновац и Директорката на ЛАГ-Подравина Г-ѓа Михаела Лончарпод водство на раководителот на одделението за ЛЕР во општина Богданци г-ин Митко Влахов на која беа разменети низа позитивни искуства меѓу двете збратимени општини.

Во рамки на посетата исто така беше остварена и средба со претставници од општина Балатон-Боглар, Република Унгарија, и општина Подстрана, Република Хрватска во насока на можности за воспоставување на официјална соработка и со овие две општини.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Се известуваат сите заинтересирани лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост кое им е доделено во постапка за АРОНДАЦИЈА а ги немаат регулирано имотно правните односи, дека до 27 Ноември 2014 година можат да поднесат барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за склучување на договор за размена согласно член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Р.Македонија“ бр.164/13) со кој е пропишана постапката за регулирање на сопственичко правните односи со склучување на договор за размена.

Во прилог на барањето потребно е да се достави следната документација:

Ø  ИЗЈАВА од барателот заверена на нотар под материјална и кривична одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во постапка за арондација.

Ø  ИМОТЕН ЛИСТ - Доказ за сопственост на земјоделското земјиште кое владение го отстапил во постапка за арондација и

Ø  ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ со мери и граници на земјоделското земјиште во приватна и државна сопственост кое е предмет на размена.

И ОПШТИНА БОГДАНЦИ БЕШЕ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

Во соработка со ЈП „Комунална Чистота“ и општина Богданци беше дел од акцијата „Македонија без отпад“ која се спроведе на 18.10.2014 година.

Истата беше спроведена на две локации од кои едната во централното градско подрачје а другата во м.в.„Мечкин дол“, позади новите градски гробишта.

Во рамки на оваа кампања беа соберени 20м3 отпад кои со помош на ЈП „Комунална Чистота“ беа депонирани на Градската депонија.

Во реализација на акцијата беа вклучени и учениците од училиштата на територијата на општина Богданци кои ја спроведоа истата во своите училишни дворови и внатре во своите училници.

 

 

ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

Во сабота (18.10.2014 година)  со почеток во  08:30 часот во центарот на Богданции позади новите Градски гробишта ќе се спроведе кампањата „Македонија без отпад“ која има за цел да допринесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Сите заинтересирани граѓани  можат  да се вклучат во акцијата . Целиот отпад што ќе биде собран ќе биде подигнат од страна на ЈП„Комунална Чистота“.

Годинешната акција е поддржана од општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална Чистота“, а организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајд'Eе Македонија“.

  

      

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

 

 

 
 
 
 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Временска прогноза

Mostly Cloudy

11°C

Mostly Cloudy

Humidity: 73%

Wind: 20.92 km/h

  • 25 Oct 2014

    Cloudy 12°C 6°C

  • 26 Oct 2014

    Mostly Cloudy 14°C 6°C

Joomla template by Joomlashine.com