Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Основање

Претпријатието “Комунална чистота” е основано како јавно претпријатие со одлука на Советот на општина Богданци (бр.07-1573/5 од 21.10.2009 година), запишано во централен регистар со ЕМБС 6547389 на 24.12.2009 година.

Во согласност со Статутот на ЈП “Комунална чистота” – Богданци, донесен од Управен одбор на претпријатието на седницата, одржана на 16.12.2009 година, дадена е согласност со решение бр.07-1969/13 од 25. Претпријатието е правно лице во целосна сопственост на општина Богданци чиј основач е Советот на општината со конкретна дејност за вршење на услуги за водоснабдување и отпадни води.

Во текот на 2010 година беше набавено специјализирано возило за собирање на смет во вредност од 20.000 евра од кои што 80% беше исплатено со сопствени средства т.е. средства на граѓаните.Беа набавени и 20 контејнери за собирање на смет изработени во работилница и беа доделени на користење на домаќинства во Богданци.

Кон крајот на 2010 година беше потпишан и договор со италијанската фирма ГРЕЕН ЕУРОПЕ за рециклирање на отпадот на градската депонија како и оградување на депонијата и расчистување на приватните поседи кои се узурпирани во минатото.

Исто така во летниот период 2010 година,Општина Богданци инвестираше во опрема на приклучокот на ХС “Дојранско Езеро”, опрема со која водата која се користи во летниот период од технолошка ја приспособи во вода за пиење со инсталација на потребните филтри за талог и песок, дозир пумпа за хлорирање на водата со течен хлор и останата хидромеханичка опрема.

Крајот на 2010 година и почетокот на 2011 година на пумпната станица во Ѓавото е инсталирана постројка за гасно хлорирање за дезинфекција на водата за пиење.Со овие два зафати со вкупна вредност од 14.000 евра целосно се заокружи процесот на производство и дистрибуција на чиста вода за пиење и истото се случува за прв пат после десет години.

Исто беше извршена промена на околу 800 метри дотраена канализациона инсталација каде што беше невозможно да се интервенира со механичко чистење.За потребите на претпријатието и нормалното извршување на секојдневните задачи беше набавено возило алат и опрема во вредност од 5000 евра.

Во август 2013год. беше изведен таложник (каскада) на колекторскиот систем кај Балкан гасови што се покажа како одлично решение за идно функционирање на колекторот. Што се однесува до колекторот во месец февруари 2014год. беше целосно испран со цистерна во сопственост на ЈП Плаваја Радовиш, со која исто така ги прочистивме и најкритичните канализации во Богданци и Стојаково.

Изведени беа три решетки кои ја собираат и пренасочуваат атмосферската вода на некои покритични места во Богданци.

Во овој период беа набавени: моторна правосмукална за потребите на Градскиот парк, ХТЗ опрема за вработените, водомери за домаќиствата кои што сеуште беа и се на паушал, службен автомобил Опел Астра , моторна сајла за отпушување на канализација, по преговорите со Јавното претпријатие од Кавадарци на располагање е уште еден камион за одлагање на смет од контејнери, моторна пила за дрва и машина за производство на бехатон плочки за уредување на јавни површини. Исто така ЈП Комунална чистота учествуваше во акцијата за чистење на дивата депонија во месноста викана Самовилец, ископ на најоштетените делови од асфалтирани улици кои повторно беа асфалтирани, тампонирање на сокаци, изведба на сокаци со бехатон и бетон, изведба на нова водоводна линија во индустриска зона во месноста Барата и конечно започна со изведба на таканаречни џебови, односно трајни места на кои ќе бидат поставени контејнерите кои што се надеваме дека ова година ќе бидат целосно завршени.

Јавната чистота континуирано се одржува во централното градско подрачје и пред јавните објекти. Набавен е семенски материјал за повеќе видови на цвеќе, за потребите на Градскиот парк и уредување на јавни површини

На градските гробишта редовно се изведуваат нови гробни рамки и потпорни ѕидови, исто така продолжуваме со акцијата за поставување на нови чешми како на старите така и во новите градски гробишта. ЈП Комунална чистота успева навремено да ги санира сите дефекти на водоводна мрежа и редовно да одговара на барањата за нови приклучоци.

Важно е да се напомене дека отпочна и приклучувањето на жителите од село Ѓавото на новата канализациона мрежа и планирано е кога ќе се заврши со приклучување на канализацијата, да се продолжи со премостување на водокорисниците на новата водоводна мрежа и со тоа трајно да се реши проблемот со вода и каналицзација во ова населено место.

Проектот за одлагање на смет во Стојаково и Селемли го започнавме во Октомври 2013 и ќе продолжиме со уште поинтензивно темпо со што конечно ќе се реши проблемот со дивите депонии и воопшто проблемот со одлагање на сметот во овие населени места.

ЈП Комунална чистота редовно приложува финансиски извештај и Годишна програма што е и наша обврска.

Во иднина планираме да се отпочне со оградување на Градската депонија и изградба на нов резервоар за потребите на градот Богданци.

Се надевам дека успешно ќе продолжиме да ги извршуваме нашите задачи за навремена и безпрекорна услуга на нашите корисници, што е и наш предуслов за унапредување на квалитетот на нашата услуга.

istanbul travesti Magazin |