• Седиште на општината: ГРАД БОГДАНЦИ
• Број на жители: 7339 (според пописот во 2021 година)
- Богданци 5244
- Ѓавото 389
- Селемли 255
- Стојаково 1451
• Површина: 114,54 km2
• Густина на население: 76,02 жители/km2
• Број на населени места: 4
• Населени места: градот Богданци и селата: Ѓавато, Селемли и Стојаково
• Градоначалник: Блаже Шапов
• Членови на совет: 11
• Адреса: Општина Богданци, Маршал Тито 62, Богданци 1484
• Телефон: 034/222-333, 034/221-077
• Факс: 034/222-333
• Електронска пошта: opstina_bogdanci@t-home.mk
opstina_bogdanci@yahoo.com
Рурални – урбани средини
Населбата Богданци е општинско седиште која се наоѓа на надморска височина од 65,0 м.н.в. Атарот на Богданци зафаќа површина од 6.700 ха, од кои под обработливи површини се 1.561,4 ха, пасиштата зафаќаат 2.107,7 ха, и на шумите отпаѓаат 2.719,5 ха.
Богданци е урбанистичко добро уредена населба со потребна инфраструктура, современо изградени згради, продавници и угостителски објекти.
Населбата Ѓавато (60,0 м.н.в) спрема бројот на жителите спаѓа во населби со средна големина. Се наоѓа во западната зона на територијата на Општината на левата страна на реката Вардар, чиј атар се допира со Општина Гевгелија. Селото е рамничарско и неговиот атар зафаќа површина од 1.381,6 ха, од кои под обработливо земјиште се 405,7 ха, на шуми отпаѓаат 591,9 ха, и на пасишта 174,1 ха. Главна активност во населбата е полјоделството, во него постои и училиште до 4-то одделение, има амбуланта, земјоделска задруга, продавница и дом на културата.
Селемли е населба која се наоѓа на југоисточниот дел на Општина Богданци чиј атар се допира со државната граница на Република Грција. Селото е рамничарско на надморска височина од 150 м.н.в. Атарот на Селемли зафаќа површина од 608 ха, од кои обработливите површини зафаќаат 370,8 ха, пасиштата 160,3 ха, и шумите зафаќаат површина од 3,5 ха. Селото има полјоделска функција. Поради пораст на бројот на населението селото преминало од мала во средна населба.
Стојаково е голема населба која се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Богданци чиј атар со мал дел се допира со државната граница на Република Грција. Селото е рамничарско на надморска висина од 60 м.н.в. Атарот зафаќа површина од 2.746,2 ха од кои обработливото земјиште зафаќа 1.577 ха, пасиштата 610,5 ха и шумите зафаќаат површина од 142,1 ха.
Селото има полјоделско – сточарска функција. Во него работи осумгодишно училиште, амбуланта, пошта, дом на културата, земјоделска задруга и услужни објекти.