Општина Богданци ги известува граѓаните дека поради уредување на режим на сообраќај и поставување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на улиците ,,Маршал Тито”, (на потегот од општинската зграда до „Бреботекс“) ,,Бранд Петрушев“, ,,Крушевска“ и дел од ,,Изворски“ во Богданци, потребно е да се отстранат сите автомобили од улиците на ден 16.09.2022 г (петок) од 08.30 до 18.00 часот.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да наидат на разбирање и да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.