Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ, на 07.12.2023 (четврток) ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат дел од корисниците над Бреботекс, Беровска мала , потрошувачите на улица Маршал Тито од Пошта до Драги ком, како и фирмите Оранжерии Агроградина, Конфекција Бовекс, Печатница Софија, Бреботекс, Здравствена установа Ројал Медика и Основното училиште „Петар Мусев“ од 08.30 до 13.00 часот.