Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на адултни комарци по земјен пат.
Предвидени се вкупно две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.
Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото третирање против возрасни комарци ќе се изврши на 10 и 11 јуни 2020 година, со следниот распоред:
1. На 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и
2. На 11.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.