Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

По повод 79 години од ослободувањето на Богданци, на 10-ти Октомври во Дом на култура „Бранд Петрушев“ се оддржа свечена академија, како знак на сеќавање на денот кога Богданци осамна пред светлината на слободарското сонце.

Пред присутните гости и претставници на општествено-политичкиот живот во градот, настапи Марија Ичкова со нашата химна, по што беше прикажана видео презентација за градот, а потоа настапија Билјана Дуева ученичка од СОУ „Богданци со изведба на песната „Со маки сум се родила“, ФА „Мегдан“ предводени од Петар Стојчевски и интерпретација на ученички од СОУ „Богданци“ со песната „Тешкото“ од Блаже Конески.

Обраќање на академијата имаше Градоначалникот, Блаже Шапов, кој меѓу другото истакна дека хероите од градот и околните места водени од личната и колективната иницијатива за слобода и подобар живот, храбро се бореле положувајќи го својот живот за иднина која ја заслужувале како генерација и за генерациите после нив. Денес нивните славни имиња остануваат да живеат во имињата на институциите, манифестациите, улиците и спомен обележјата и секако најдлабоко во историјата на градот.Потоа даде кратко резиме на она што е сработено, се работи и планира за што покажуваат и резултатите од истражувањето на ЗМАИ според кои, општина Богданци има највисок индекс на отвореност и транспарентност при работењето од вкупно 80 општини во државата.

По повод овој значаен и голем празник за  нашиот град, ги одликува со посебно признание луѓето кои со својата поддршка придонеле во растот и развојот на општина Богданци. Плакети за посебни достигнувања во одредени области добија г-ѓа Каја Шукова – Министер за жовотна средина, г-ин Илмиасан Даути – Програмски менаџер на УНДП, г-ин Кирил Каркалашев од ЈП за Државни патишта, Росица Шабанова – Директор во СОУ „Богданци“, „Интерглобус Лепобекара ММ“, ракометниот тим при СОУ „Богданци“ и ученичката Катја Гогова од ООУ „Петар Мусев“ за постигнатиот голем успех на Светската Хипо Олимпијада во Италија.

Публиката ја имаше честа да ужива во музиката на популарното гудачко трио „Тринити Стрингс“ а потоа следуваше коктел и дружење во галеријата на Домот.

Забавниот дел од програмата се оддржа во Градскиот Парк во Богданци каде настапи Марија Ичкова со својот бенд и Христијан Настевски „Пајак“.

Почит и слава до сите херои кои несебично ги дале своите животи во ослободувањето на својата татковина! 

istanbul travesti Magazin |