Со средства од општинскиот буџет, а според планираните активности во годишната Програма за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци, се работи на бетонирање на сите споредни улици во населено место Ѓавото. Вкупната површина на истите изнесува 4000м2.
За оваа намена, во Програмата за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2019 година се планирани 2.000.000 денари.