Рехабилитација на регионален пат 1109, делница Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на регионален пат Р1109, делница Дедели-Фурка-Богданци-Гевгелија” во должина од 15,8 км.

Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира  јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на нивните интернет страници:  https://bogdanci.gov.mk/   и www.roads.org.mk .

 Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти, План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

просториите на Дом на културата во општинa Богданци на 31.05.2019 година (петок) со почеток во 12 часот .

 

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева

Тел: 02/3118 044 лок.305

E-mail: saska@roads.org.mk

Општина Богданци

Јованка Ампова

Моб: 078 321 586

E-mail: jovankaampova@yahoo.com

Извештај за оцена на животната средина и социјалните аспекти за рехабилитација на Регионален пат Р1109

Образец за жалба

Известување

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај. Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Реконструкција на дел од пристапни улици кон Здравствен Дом во Богданци

Денес, 15.05.2019 година, започна реализацијата на Под-проектот: „ Реконструкција на   дел од пристапни улици кон Здравствен Дом во Богданци “, во рамките на  ЕУ проектот „Унапредување на општинското владеење“, менаџиран од страна на УНДП.

Со проектот ќе се изврши реконструкција на дел од три улици : Васо Марков , Мирче Ацев и Дојранска,  во вкупна вредност од 2.183.107 денари, каде општина Богданци учествува во кофинансирањето на проектот со 615.258 денари сопствени средства .

Проектот преставува дел од Стратешките определби на Локалната самоуправа во Богданци чија цел е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на општината преку подобрување на локалната инфраструктура, а во прв план преку подобрување на патната инфраструктура.

Потребното време за реализација на сите активности за реконструкција , доколку дозволат временските услови е еден месец.

Најава

Почитувани,

 

Ве известуваме дека најавениот прекин за снабдување со електрична енергија на 19.05.2019 година (Недела) согласно добиеното Известување од ЕВН  ќе биде одложен.

За следни промени ќе бидете благовремено известени.

Најава за прекин во снабдувањето со електрична енергија

Почитувани,

Согласно добиеното известување од ЕВН Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 19.05.2019 (Недела) од 06:00 до 18:00 часот ќе бидaт сите корисници од Општина Богданци ( Богданци , Стојаково , Селемли , вклучително индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија и Дојран -Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и2 , систем Спас за Дојран, Рибник Елита и други), заради интервенција на водот.

Ларвицидна дезинсекција на територијата на Општина Богданци

На ден 03.05.2019 година (Петок) на територијата на Општина Богданци беше извршена ларвицидна дезинсекција против ларви од комарци од страна на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Велес ПО Гевгелија, согласно Елаборатот со Акциониот план за спроведување на превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација.

Положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци

По повод 26-ти Април, Денот кога пред 76 години излегле првите партизани од Богданци, Гевгелија и Гевгелиско, Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, Здружението на борците од Богданци и Гевгелија, членови на Општинското Здружение на Пензионери и ученици од ООУ „Петар Мусев“ положија свежо цвеќе на бистите на паднатите борци во Градскиот парк во Богданци.

На настанот свое обраќање имаше г-дин Јане Ташковски од Гевгелија, кој како претставник на Здружението на Борци го истакна значењето на овој ден и даде ретроспектива на случувањата.

По завршување на настанот претставници од Здружението на Борци и Пензионери имаа прием во Кабинетот на Градоначалникот, Блаже Шапов.

Велигденска Честитка од Градоначалникот Блаже Шапов

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, по повод големиот христијански празник Велигден, до  своите сограѓани од православна вероисповест упатува честитка со желби за среќни празнични денови, благодет во домовите, мир, христијанска љубов и меѓусебна почит.

– На моите сограѓани од православна вероисповест, по повод големиот христијански празник Велигден им ги упатувам  своите најискрени честитки. Посакувам во сите домови да владее среќа, спокојство, благодет, почит и христијанската љубов. Во здравје и празнично расположение, во духот на христијанската вера,  да ја потврдиме вредноста  на нашата духовност споделувајќи безусловна љубов со најблиските.

Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден нека ни носи нова радост, среќа и бериќет, нека ни дава сила да се справиме со искушенијата, да се почитуваме и да ја градиме подобрата иднина.

Нека ни е честит Велигден!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

Априлијада

      

По повод 1 април, Денот на шегата, со почеток во 10.00 часот во Градскиот парк во Богданци се одржа традиционалната манифестација „Априлијада“.

Во програмата свое учество зедоа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци, ООУ “Кирил и Методиј“ Стојаково и СОУ „Богданци“.

Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци.

 

Сите учесници добија Благодарници за учество а соодветно беа наградени  следните маски:

  • Прва награда – „Каменковци од Бед Рок“, Vа одделение ООУ „Петар Мусев“ Богданци;
  • Втора награда – „Дождовни облачиња“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и „Гости од Хаваи“ од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ Богданци;
  • Трета награда – „Медицинска интервенција“ I-5 клас СОУ „Богданци и „Професии“ VI одделение ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково.

                  

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија поради интервенции на екипите на дистрибутивната мрежа, без снабдување со електрична енергија ќе останат сите стопански и нестопански корисници според следниот распоред

  • 20.03.2019 година од 09.20 до 11.20 часот дел од Заобиколен пат Богданци од приклучок со Регионален пат до Мост на Луда Мара на Локален пат Богданци – Стојаково и ул.Трнката.
  • 20.03.2019 година од 11.20 до 13.20 часот влезот на ул.Маршал Тито до Чавдарова Чешма, дел од ул.Крушевска, ул.Изворски. ул.Петар Мусев, ул.Кирил Петрушев и дел од ул.Бранд Петрушев.
  • 20.03.2019 од 13.20 до 15.20 часот село Стојаково и м.в Барта и Црквица во Богданци.
  • 21.03.2019 година од 09.20 до 11.20 часот реонот на место викано „Дубрава“ во Богданци.
  • 21.03.2019 година од 11.20 до 13.20 часот дел од Центарот на Богданци и улиците Првомајска, Пролетерска, Дојранска, Осоговски и Братство Единство.
  • 21.03.2019 година од 13.20 до 15.20 часот Рибник „Елита“ .
  • 22.03.2019 година од 09.30 до 11.30 часот од „Комерцијална Банка“ до „Драги Ком“, дел од ул.Крушевска од ООУ „Петар Мусев“ до Спортска Сала „МЛАЗ“, дел од ул.Бранд Петрушев, ул.Никола Карев, ул.Коста Поп Ристов и ул.Атанас Бојков.
konya escort

antalya escort Saç ekimi ankara