Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за одобрена Проектна програма

Општина Богданци ги известува граѓаните дека одобрена е Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци тех бр 077/2023 –  У од август 2023 изработена од Друштво за градежништво,трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш, со Решение бр 11-1086/9од 19.09.2023год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Се слави празникот Успение на Пресвета Богородица

Православната Црква Успение на Пресвета Богородица во Ѓавото денеска го одбележува својот патронен празник „Успение на Пресвета Богородица“ или кај народот попознат како Голема Богородица. Едно од главните обележја на овој празник во Ѓавото е панаѓурот кој има долгогодишна традиција.

Овој значаен христијански празник е посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. За време на целиот свој живот, таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

На жителите на Ѓавото и на сите православни верници им го честитам овој Голем ден и им посакувам да го поминат во добро здравје и убаво расположение.

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 29 став 4 и член 50 став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци

Граници на опфатот се :

  • Од североисточна страна граничи со КП бр.8172, 6634/1, 6624/1, 6611/1, 6610/2, 6608/12, 6608/14 и 6608/15;
  • Од северозападната страна граничи со КП.бр.6607;
  • Од југозападната страна граничи со локалниот асвалтен пат Ѓавато- Стојаково и
  • Од југоисточната страна граничи со КП. бр. 8172

Опфатот е со површина од 31630 м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци, тех .бр 03-06/23 од Јуни 2023 г., изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР Благоја ДООЕЛ увоз-извоз Струга, ќе се спроведе со излагање на Проектот во просториите на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае триесет дена од 21.08.2023г. до 20.09.2023г., секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект со план за парцелација ќе се одржи на ден 13.09.2023 година во 14:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.

Продолжено работно време на угостителските објекти на 24.06.2023 година

Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 22.06.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 24 јуни 2023 година (сабота наспроти недела).

            Согласно донесената одлука Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на ден 24 јуни 2023 година (сабота наспроти недела) ќе биде продолжено за еден час.

Известување за одобрена Планска програма

Општина Богданци Ве известува дека е одобрена Планска програма, со тех.број: 03-06/23 од Јануари. 2023 год. изработена од Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР Благоја ДООЕЛ увоз-извоз Струга за Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци., со Решение бр 11-51/4 од 17.02.2023 год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Друштво за производство, трговија и услуги ФУЕЛ ТАНКС-ЦИСТЕРНА ДООЕЛ Богданци ул. „2“ бр. 3 од Богданци.

Планска програма

СООПШТЕНИЕ

Започнувајќи од 17.05.2023 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2 лица (асистент за помош и поддршка при самостојно живеење) во рамките на Програмата за Општинско-корисна работа од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци

Јавен повик за Општокорисна работа 2023

СООПШТЕНИЕ

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на Програмата за Општинско-корисна работа од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот повик може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

–       Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)                    

–       Млади лица до 29 години

–       Лица постари од 50 години

–       Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

–       Лица корисници на гарантирана минимална помош

–       Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

–       Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

–       Жртви на семејно насилство

–       Лица со попреченост

–       Жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

–       Лица припадници на ромската етничка заедница

–       Лица на кои им е решен статусот со лична документација

–       Самохрани родители

–       Родители на деца со пречки во развојот

–       Родители на 3 и повеке деца

–       Родители на деца на улица

–       Бездомни лица

–       Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 13.750 денари со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за следните работни места:

  • 2 позиции: 2 асистенти за помош и поддршка при самостојно живеење

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот повик е отворен од 07.06.2023 до 15.06.2023 година.

Јавен оглас за Општокорисна работа 2023

Известување за одобрена Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за пешачка и велосипедска патека

Се  известуваат граѓаните на  Општина Богданци дека одобрена е Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за пешачка и велосипедска патека Богданци- Чести Јавори- Паљурци II – фазатех.бр.УП-01/21 од 2021 година изработена од Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, со Решение бр11-103/3 од 31.01.2023год. од Општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

istanbul travesti Magazin |