Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за одобрена проектна програма

Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма Проектна задача, Изработка на техничка документација за реконструкција на водоводна мрежа во населено место Богданци Општина Богданци број: 11-345/6 од 22.04.2021год. изработена од Општина Богданци, а во врска изработување на Урбанистички проект за инфраструктура за реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци, Општина Богданци изработена од Општина Богданци, со Решение бр11-36/2 од 12.01.2023год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Исправка на соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци ја дава следното:

И С П Р А В К А  Н А  С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW )

            Се врши исправка на Соопштението бр 11-28/2 од 03.01.2023г. објавено од Општина Богданци во ставот 6 кој се менува и гласи:

„Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планќе се одржи на ден 20.01.2023 година во 09:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.“

ГРАДОНАЧАЛНИК

      Блаже Шапов

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданциго дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240; дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град, Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW ).

Граници на опфатот се :дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град.

Опфатот е со површина од 16469,18м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град, Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаичниелектрани со инсталирана моќност до 1MW ),  ќе се спроведе со излагање на Проектот во просториите на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае петнаесет дена од19.01.2023г. до03.02.2023г.,секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ќе се одржи на ден 19.01.2023 година во 09:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.   

   

Соопштение за издадено Решение за одобрување на измени во тек на градба

Општина Богданци ги известува жителите на Општина Богданци дека е издадено Решение за одобрување на измени во текот на изградбата за Дополнување на основен проект за изградба на ветерни електрани Богданци, 1.В1.-1.В5 ветерна електрана 1-5; пристапен пат; 33(36)kV кабелски среднонапонски далековод за поврзување на ветерни електрани 1-5; ГП 1.В1-1.В5, со нова ТС, место: Парк ветерни електрани Богданци, Општина Богданци, бр. УП I 11-37 од 05.12.2022 годинана Друштво за производство на електрична енергија ПАРК НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ ПЕРУН ДОО Скопје со седиште Максим Горки бр.10-1/1 Скопје – Центар кое претставува составен дел на Одобрение за градење бр. УП I 11-39 од 11.08.2020 година, издадено од Општина Богданци.

Известување за одобрена проектна програма

Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма со скица на предлог план за парцелација за Урбанистички проект со план за парцелација за КП број 10339/1, КП број 10339/2, КП број 10340/1, КП број 8946, и дел од КП број 8909/1, КО Богданци, Општина Богданци; тех.број: 0701-155 од 30.09.2022год. изработена од Друштво за градење, проектирање и надзор со трговија на големо и мало ГОЈА Павлов Митко увоз-извоз ДООЕЛ Гевгелија, со Решение бр11-1762/5 од 11.11.2022год. од општина Богданци, чиј инвеститор e Раде Станковиќ ул. „Дојранска“ бр.66 од Богданци.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на ден 18.08.2022

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, на ден 18.08.2022година (четврток) во периодот од 08.00 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од  западната страна на  Богданци и тоа: Риве Транспорт, Гоки  Травел, Баџо на влез во Богданци, Сточарство, Оранжерии Трнка, Бензинска Шимов, Ампа, Фуел Танкс и Химес.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Богданци дека Агенцијата за катастар на недвижности ќе врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во сите населени места во периодот од 15.08.2022 до 26.08.2022 година.

Врз основ на Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности ја проширува надлежноста  и со воспоставување и управување со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, како и просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Богданци ги известува граѓаните дека Урбанистичкиот план за подрачја и
градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија –
Грција е достапен за увид на широката јавност и стручната јавност и јавно презентиран од
17.08.2022 година до 18.09.2022 година на веб страната на Министерство за транспорт и врски
како и во електронскиот систем Е-урбанизам, веб страните на Општините Неготино, Демир
Капија, Богданци и Гевгелија. Исто така во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план е
изложен на увид на стручната јавност и на увид и проверка на широката јавност во просториите
на Министерство за транспорт и врски и во Општините Неготино, Демир Капија, Богданци и
Гевгелија, соодветно на административните граници на општините.
Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен
гасовод Република Северна Македонија – Грција, соодветно на административните граници
на Општина Богданци е достапен за увид во хартиена форма во просториите на Одделение за
урбанизам и градежништво во Општина Богданци, од 17.08.2022 година до 18.09.2022 година,
секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧНА РАСПРАВА СО ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

istanbul travesti Magazin |