Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Заедно креираме Буџет за 2026 година

Градоначалникот на општина Богданци ги повикува ѓраѓаните на средба

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2026 година, со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на  Граѓански Буџет за 2026 година,  Градоначалникот на општина Богданци Ве повикува на  средба по населените места, со следниот распоред:

17.11.2025 година (понеделник)

18:00 до 19:00  часот во с. Селемли  (Месна заедница)

20:00 до 21:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)

18.11.2025 година (вторник)

19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково  (во дом на култура)

19.11.2025 година (среда)

19:00 до 20:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на средба  со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период   ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот  за 2026 година.

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Општинската Изборна Комисија Богданци денес, 29.10.2025 година, им ги додели Уверенијата на новиот Градоначалник, Блаже Шапов и членовите на новиот состав на Советот на општината.

Претседателката на ОИК Богданци, Венера Зелева, во своето обраќање на сите учесници во изборниот процес им ја честита победата и им посака успешна работа.

 Уверенија за членови на Советот на општина Богданци добија шест кандидати од листата на Коалицијата предводена од СДСМ и пет кандидати од листата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

            Меѓу нив се:

  1. Никола Стратров
  2. Росица Шабанова
  3. Богомил Марков
  4. Марија Гогова
  5. Митко Мурџев
  6. Рахела Јовановиќ
  7. Елена Манолева Ѓавочанова
  8. Љубица Тодорова
  9. Роберт Иванџиков
  10. Антонио Прчев
  11. Каролина Попова

Специјализирано возило за собирање на отпад

Денес, 21.10.2025 година пристигна специјализираното возило за собирање отпад, кој во рамки
на Проектот „Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка
на возило за општина Богданци “, на општина Богданци, односно ЈП Комунална Чистота го достави
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како носител на проектот.
Проектот, каде партнери се Центар за развој на Југоисточниот плански регион и Општина
Богданци има за цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Богданци
преку унапредување на системот за управување со отпад. Недостатокот на современа
механизација претставува значителен проблем за редовното собирање и транспорт на отпад, што
придонесува за создавање на диви депонии и загадување на животната средина.
Со набавката на специјализирано возило за собирање отпад ќе се овозможи поефикасно
управување со отпадот, подобра јавна хигиена и одржлива животна средина.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и општина Богданци
со Вкупен буџет од 4.978.300 денари.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |