Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Априлијада – забава за сите

По повод 1 април, Денот на шегата, денес со почеток во 09.30 часот во Градскиот парк во Богданци се оддржа традиционалната манифестација „Априлијада“.

Во програмата свое учество зедоа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и подрачното училиште во Ѓавото и СОУ „Богданци“.

Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци.

Соодветно беа наградени  следните маски:

  • Прво место – „Среќни жабички“ од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, Второ место – „Ролеркостер“ Vа одделение  и Трето место – „Индијанци уд Бугданци“ IIa одделение од ООУ „Петар Мусев“ Богданци;

            ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и дечињата од Детската Градинка во Стојаково свое дефиле имаа во училишниот двор.

И овој пат дечињата и учениците им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци, роднини и граѓани. Честитки до сите учесници за нивната креативност како и до нивните ментори, наставници, воспитувачи и негователи.

Соопштение

Ги известуваме граѓаните дека утре – среда (20.03.2024 година) поради изведување на работи на новата водоводна мрежа, улица Страшо Пинџур во Богданци, на потегот од Максим Кафе до гостилница Еври ќе биде затворена за сообраќај. Се надеваме на разбирање.

Соопштение за пријавување на штети од град кој ја зафати општината на 07-ми и 12-ти Март

Врз основа на заклучокот донесен од страна на Советот на општина Богданци со бр.08-529/11     од 14.03.2024 год. се известуваат сите жители и деловни субјекти на територијата на општина Богданци кои имаат штета од град на земјоделските култури кој ја зафати општината (07.03 и 12.03 2024 год.) да достават до општината:

1. Барање за проценка на штета

2. Копија од лична карта,

3. Имотен лист или копија од имотен лист,

4. Лицата кои се оштетени а површините не се во нивна сопственост да достават и договор за закуп.

5.Решение од Единствениот регистар на  земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Барањето може да го подигнат од архивата на општина Богданци или од веб страната на општината.

Барањата да се достават до општина Богданци најдоцна до 01.04.2024 год. Некомплетните барања нема да се разгледуваат.

Комисија за проценка на штети од

природни непогоди и други несреќи

Состанок со техничката помош на ЕУ за општините

На 23.01.2024 година, општините од Вардарскиот регион и три општини од Југоисточниот регион, вклучувајќи ја и општина Богданци, потпишаа Меморандум за разбирање за Организација за управување со дестинација (Destination Management Organisation – DMO).

На 13.03.2024 во просториите на општина Богданци градоначалникот Блаже Шапов имаше состанок со Техничката Помош на ЕУ за Општините (Technical Assistance of EU for Municipalities – TA EU4M), поточно со Тим Лидерот Клаус Рихтер и JTA Expert Верче Лазарова. На состанокот  се разговараше за состојбите во општината, за тоа што би значело воспоставување на Организација за Управување со Дестинација (Destination Management Organisation – DMO) за нашата општина и се договорија за следните чекори за вклучување на приватниот сектор во истата.

За таа цел на 19-ти март, ќе се оддржи работилница со фокус кон вклучување на приватниот сектор на која активно учество ќе земат и претставниците на швајцарскиот проект „IME“, Асоцијацијата „Алзас-Македонија“ и експерти од техничката помош EU4M.

Известување за одобрена проектна програма

Општина Богданци ги известува граѓаните дека одобрена е Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна мрежа во н.м. Стојаково со потисен цевовод до резревоар за с. Селемли, општина Богданци тех бр 077/2023 –  У од февруари 2023 изработена од Друштво за градежништво,трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш, со Решение бр 11-91/5од 13.03.2024год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Известување

Ги известуваме граѓаните дека активностите за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци моментално се одвиваат на улицата Страшо Пинџур. Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, сообраќајните правила и прописи и да се движат со зголемена внимателност, а по потреба да ги користат останатите улици од сообраќајната мрежа, како алтернативни правци за движење.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |