Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

СОС Детско село во Богданци со штанд „Стани згрижувач!“

Тим на СОС Детско село од Скопје во работна посета на југот каде постави свои штандови за поддршка за згрижувачки семејства во Македонија кои ќе го отворат својот дом за грижа на деца без родители.

Иако на празничен ден, посветениот тим на СОС Детско село од Скопје вчера беше во работна посета на југот, во општините Дојран и Богданци каде постави свои штандови за поддршка за згрижувачки семејства во Македонија кои ќе го отворат својот дом за грижа на деца без родители.

Празнично и работно тие се среќаваа со граѓаните од локалните средини со цел да им испорачат честитка насловена како „Прегратка за рамноправност!“ и виолетови ружи и лалиња, цветови со меѓународната боја на рамноправноста.

Во Македонија оваа хумана згрижувачка мисија на деца без родители прифатиле да ја обавуваат 286 жени, а само 77 мажи. Тоа значи дека од вкупниот број на 363 активни згрижувачи во Македонија 73% се жени, а само 21% машки згрижувачи, што е статистика која ги отсликува половите стереотипи во однос на тоа дека грижата за децата е обврска на жените.

Тимот на СОС „Детско село“ преку штандот „Стани згрижувач“ во 8-мо Мартовскиот празничен ден ги повикаа граѓаните на Богданци и Дојран кои имаат желба и услови да станат згрижувачи на деца без родителска грижа да се приклучат на оваа хумана визија обезедувајќи топол дом на децата кои сега го немаат тоа.

Да се стане згрижувач значи да се стане подобра верзија од себе, отварајќи го срцето и домот за дете на кое му е неопходна родителска грижа, зошто секое дете без родители заслужува да живее со лица кои ќе сакаат да пружат родителска грижа, зошто во семејство поубаво, похумано и пољубено се расте.

Сите заинтересирани да се вклучат во оваа хумана мисија за повеќе информации за згрижувачките семејства можат да ја посетат страницата https//zgrizuvanje.mk или Fb.com/zgrizuvanje.mk или да се обратат за повеќе информации на телефонскиот број 075/277-447.

Национална кампања „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“

СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“ поддржан од Министерството за економија и развој на Германија, ја спроведуваат националната кампања „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“ со цел покренување на свесноста и колективното  знаење за процесот на згрижување и бенефитот од програмата за згрижување на деца.

Ве покануваме на 08.03.2023 година на три локации во Богданци, во паркот кај општинската зграда, кај текстилната фабрика „Бребо-Екотекс“ и на излезот од Богданци (кај печатница „Софија“)  со почеток во 13:00 часот, да се запознаете подетално со повикот за Згрижување и да ја поддржите нашата визија.

Наште стручни работници ќе одговорат на сите Ваши прашање.

Сите информации може да ги добиете на тел. 075/277-447 и на Веб страна: www.zgrizuvanje.mk.

Ве очекуваме!

Општина Богданци испрати помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Акцијата, која беше спроведена во општина Богданци од 13.02 до 17.02.2023 година за собирање на помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, наиде на силен одѕив кај граѓаните и компаниите кои несебично донираа и уште еднаш ја искажаа својата солидарност. Акција за собирање на пакети со храна, средства за хигиена и други материјални добра беше организирана и во СОУ „Богданци“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково и Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“. Денес, сите собрани пакети беа предадени на Црвен Крст ОО Гевгелија.

            Советот на општина Богданци на својата 25-та седница донесе Одлука за доделување на парична помош за настраданото население во износ од 150 000 денари, кои ќе бидат уплатени на сметка на Фондот за солидарност на Црвен Крст на РСМ.

            Упатуваме голема благодарност до сите добродетели, кои уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност.

Список на потреби за донација на настраданите во земјотресот во Р.Турција

Во прилог последно добиените податоци од Црвен Крст на Република Северна Македонија, во врска со составот на пакетите за храна и пакетите за средства за хигиена кои граѓаните може да ги донираат за настраданите во земјотресот во Република Турција, почнувајќи од денес, 13.02.2023 заклучно со 17.02.2023 година од 8:00 до 16:00 часот во просториите на општина Богданци (Канцеларија на Министерството за труд и социјална политика).

Известување за донирање на материјални добра за настраданите во земјотресот

Се известуваат граѓаните на општина Богданци кои сакаат да донираат материјални добра за настраданите во земјотресот во Р.Турција и Сирија, дека можат да го сторат тоа од понеделник (13.02.) до петок (17.02.) во периодот од 08.00 до 16.00 часот во просториите на општина Богданци.

     Во согласност со добиените насоки, Ве известуваме дека користени работи не се прифатливи како донација.

     Во прилог листата на потребните материјали што ја достави Амбасадорот на Р. Турција во нашата земја.

    


Известување за донирање на финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Се известуваат граѓаните на општина Богданци кои сакаат да донираат финансиски средства за населението во погодените подрачја од земјотресот во Турција и Сирија тоа да го сторат преку СМС пораки или пак на следните сметки:

– Донација од 100 денари со повик на телефонскиот број 143-400 на Македонски телеком и на А1.

-Сметка на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ, 300000001327966; Даночен број:4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

– Средства донирани во странска валута:

Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia;

Bank name: Komercijalnabanka AD Skopje;

Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, Macedonia;

Bank account: 300000000000133 25730522-11;

Swift code: kobsmk2x;

Iban code: mk07300701000001228.

Унапредување на средното стручно образование „Учи паметно работи стручно“

На ден  09.02.2023 година, во Домот на култура „Бранд Петрушев“- Богданци, општината заедно со СОУ „Богданци“ –Богданци одржаа настан, „Учи паметно работи стручно“ поддржан од Министерството за образование и наука.

На овој настан беа поканети и присуствуваа претставници од локалните компании, пратеничката Драгица Ѓавочанова, родители, наставници и директори на воспитно-образовни институции од општината, како и други заинтересирани граѓани.

Целта на оваа панел дискусија беше утврдување на потребите на стопанството и локалниот пазар на труд, недостигот на квалификуван стручен кадар во компаниите и можноста да се одговори на ваквите потреби.

Во изминатите години како општина ги следиме потребите и интересите како на учениците, така и на компаниите со воведување на нови струки и образовни профили.

Известување за одобрена Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за пешачка и велосипедска патека

Се  известуваат граѓаните на  Општина Богданци дека одобрена е Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за пешачка и велосипедска патека Богданци- Чести Јавори- Паљурци II – фазатех.бр.УП-01/21 од 2021 година изработена од Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, со Решение бр11-103/3 од 31.01.2023год. од Општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |