Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ДСО КЕЦ Гевгелија: Известување за планирани активности во напојна ЕЕ мрежа

Во периодот од 13 до 31 октомври 2025та година на  подрачјето на ЕВН КЕЦ Гевгелија ќе отпочнат поголеми електромонтажни зафати на дел од високонапонската електроенергетска напојна  мрежа при што ќе се работи со намален електроенергетски капацитет и  заради тоа :

– апелираме до сите корисници кои се напојуваат со електрична енергија од конзумот на ЕВН КЕЦ Гевгелија  , во овој период да работат со што е можно помала едновремена моќност , односно со помалку вклучени апарати истовремено , како би се избегнало преоптеретување на електроенергетскиот систем.

Се надеваме дека корисниците ќе имаат разбирање и ќе постапуваат согласно нашето известување. 

Л И С Т А за редослед на истакнување на плакати за Локалните избори 2025 на територијата на општина Богданци

            На ден 26.09.2025 година (петок), во 10 часот во просториите на Општина Богданци се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на плакати без надоместок на местата определени од страна на општината, за подносителите на листи кои учествуваат на Локалните избори 2025 година.

            Согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на Општина Богданци бр. 08-493/6 од 15.03.2017 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 05/17)  на територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот  на изборната кампања се утврдуваат следните места:

  1. Во Богданци

-потпорен ѕид на детското игралиште на автобуска Богданци;

-на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на ЕВН и

-ограден ѕид на игралиште Вардарски на ул. „Маршал Тито“-Богданци.

  • Во Стојаково

-во центарот на просторот покрај оградата на ресторантот;

-на просторот кај место викано „Чекркот“;

-просторот кај местото викано „Геран“ и

-просторот позади Црквата.

  • Во Селемли

-на просторот по главната улица на населбата, на автобуската постројка.

  • Во Ѓавото

-на влезот на населеното место на ограден ѕид од пумпата за вода до некогашен откупен пункт на Земко и

-во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.

            Големината на просторот за истакнување на изборни плакати  ќе биде подеднакво утврдена за сите подносители на листи според следниот редослед:

Листа на кандидати ГрадоначалникБрој
,,Коалиција за Локални избори 2025 година“ – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА –СДСМ, Нова Социјалдемократска партија-НСДП, ВМРО-Народна партија-ВМРО-НП, Партија за движење на Турците во Македонија-ПДТ, Десница, Партија за општествен и економски напредок-ПОЕН, Странка на демократска акција на Македонија, Партија за демократски просперитет на Ромите- ПДПР, Централна демократска унија – ЦДУ.        2
Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” – ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство), Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија-ДПСМ, Демократски сојуз-ДС, Српска Напредна странка во Македонија-СНСМ, Бошњачка народна партија-БНП, Демократски сили на Ромите-ДСР, Партија на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, ГЛАС за македонија-ГЛАС, Нова Либерална Партија-НЛП, Социјалдемократска Унија-СДУ, „Роми Обединети од Македонија“-РОМ, Работничко Земјоделска Партија на Република Македонија, Обединета Партија за еднаквост на Ромите-ОПЕР, Достоинство, Македонски концепт-МКонцепт, Партија на Хрватите во Македонија-ПХМ, Македонска акција-МААК, предводена од ВМРО-ДПМНЕ(ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство                1
Листа на кандидати за членови на СоветБрој
ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ-Либерално-демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република северна Македонија          5
Движење ЗНАМ- За наша Македонија    4
,,Коалиција за Локални избори 2025 година“ – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА –СДСМ, Нова Социјалдемократска партија-НСДП, ВМРО-Народна партија-ВМРО-НП, Партија за движење на Турците во Македонија-ПДТ, Десница, Партија за општествен и економски напредок-ПОЕН, Странка на демократска акција на Македонија, Партија за демократски просперитет на Ромите- ПДПР, Централна демократска унија – ЦДУ.        3
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА  1
Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” – ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство), Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија-ДПСМ, Демократски сојуз, Српска Напредна странка во Македонија-СНСМ, Бошњачка народна партија-БНП, Демократски сили на Ромите-ДСР, Партија на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, ГЛАС за македонија-ГЛАС, Нова Либерална Партија-НЛП, Социјалдемократска Унија-СДУ, „Роми Обединети од Македонија“-РОМ, Работничко Земјоделска Партија на Република Македонија, Обединета Партија за еднаквост на Ромите-ОПЕР, Достоинство, Трајно Македонско Радикално Обединување-ТМРО, Македонски концепт-МКонцепт, Партија на Хрватите во Македонија-ПХМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ(ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство)          2

Известување за начинот на лепење плакати за Локалните избори 2025

Општина  Богданци ги известува сите учесници во изборната кампања за Локалните избори 2025 година  дека на ден 26.09.2025 година (петок) во 10.00 часот во салата на Советот на општина Богданци ќе се изврши ждребење за утврдување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на општина Богданци.

Согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок на подрачјето на Општина Богданци бр. 08-493/6 од 15.03.2017 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 05/17)  на територијата на Општина Богданци за истакнување на Изборни плакати без надоместок во текот  на изборната кампања се утврдуваат следните места:

  • Во Богданци

-потпорен ѕид на детското игралиште на автобуска Богданци;

-на излезот од Богданци спрема Стојаково, просторот од левата страна покрај оградата на трафостаницата на ЕВН и

-ограден ѕид на игралиште Вардарски на ул. „Маршал Тито“-Богданци.

  • Во Стојаково

-во центарот на просторот покрај оградата на ресторантот;

-на просторот кај место викано „Чекркот“;

-просторот кај местото викано „Геран“ и

-просторот позади Црквата.

  • Во Селемли

-на просторот по главната улица на населбата, на автобуската постројка.

  • Во Ѓавото

-на влезот на населеното место на ограден ѕид од пумпата за вода до некогашен откупен пункт на Земко и

-во центарот на населеното место кај свртувалиштето за автобуси.

Сите заинтересирани учесници во изборната кампања за Локалните избори 2025 година кои ќе присуствуваат на ждребењето, задолжително да поседуваат овласување и документ за идентификација.

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на ден 17.09.2025

Почитувани, Екипите на Електродистрибуција, на 17.09.2025 (среда) ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Ве известуваме дека во периодот од 06.30 до 14.30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.Изворски, ул.Коста Поп Ристов, ул.Маршал Тито, ул.Олга Петрушева, ул.Дојранска, ул.Првомајска, ул.Нако Вардарски, ул.Пролетерска, ул.Воденска, ул.Мирче Ацев и ул.Осоговска.

ЈАВЕН ОГЛАС за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, преку доделување на правото на купен и вграден инвертер клима уред

Почитувани,

Во прилог линк од Јавен оглас објавен од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини кој се однесува на добивање на финансиска поддршка на ранливи категории потрошувачи на енергија за 2025 година, преку доделување на ваучер за купен и вграден инвертер клима уред, со рок за поднесување барање до 05 октомври, 2025 година: јавен оглас за доделување на ваучер за инвертер клима уред.

ЈАВЕН ОГЛАС за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година

Во прилог линк од јавен оглас објавен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кој се однесува на добивање на финансиска поддршка на ранливи категории за потрошена електрична енергија, со рок за поднесување барање до 30 август, 2025 година: јавен оглас за потрошувачка на енергија.

Project:„Balkan alternative mobility routes for sustainable all-season tourism“ – BalkanVelo

Проект: „Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона“- Балкан Вело

ПОНИШТУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА

Почитувани,

Ве Известуваме дека во врска со огласот за договор: TD02 Реконструкција на зграда во Ѓавото,

Референтен број на огласот за договор (идентификатор на постапка): 10-1152/29

Договорот не се доделува, од причина што сите технички прифатливи понуди ги надминуваат расположливите финансиски ресурси.

Дополнителни информации:

Доколку се започне нова тендерска постапка за овој проект, ќе се објави нов оглас за договор.

Во Прилог може да го најдете писмото за Поништување на постапката со целосни информации!

Потпишан договор за реализација на проектот „Реконструкција на улица Петар Мусев во Богданци“

Денес во просториите на Министерството за транспорт, Градоначалникот Блаже Шапов го потпиша Договорот за реализација на проектот „ Реконструкција на улица  Петар Мусев  во Богданци “, со кој општина Богданци учествувашево Програмата за користење на капиталните дотации  за финансирање на инвестиционите проекти  на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија.

Вкупната вредност на инвестицијата за Проектот „ Реконструкција на улица  Петар Мусев  во Богданци “ изнесува 63.110.145,00 мкд , а од Владата на Република Северна Македонија, согласно Програмата за користење на капиталните дотации  за финансирање на инвестиционите проекти  на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година,   се обезбедени средства во износ од 60.932.047,00 мкд. 

Разликата над обезбедените средства во износ од 2.178.098,00 мкд кои ќе се употребат за оваа инвестиција се планираат во Буџетот на општина Богданци.

Се работи за станбена улица која заради местоположбата и нејзината врска со главната улица, обиколницата ( која преку мостот на реката Луда Мара е спојка со локалниот пат Л601, делница Богданци –Стојаково , односно веднаш после мостот преставува врска со индустриската зона „Барта“), и крстосувањето со улиците Крушевска и Изворски  има функција на сервисна, па дури и собирна улица.

Покрај реконструкцијата на коловозната конструкција, а со цел избегнување на ископ на ново реконструираната улица во иднина, и согласно тоа заштеда на значителни финансиски средства, на улицата е планирано поставување на ПВЦ цевки за поставување на електрични и оптички кабли, како и изградба на фекална и атмосферска канализација. 

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |