
Дечињата од Детската Градинка не беа заборавени ниту од Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион кој пресрет на празниците кои ни претстојат им донираше новодишни пакетчиња. Насмевките на лицата на овие деца со пакетчињата се наша причина плус за уште посреќна и повесела Нова Година.
Упатуваме голема благодарност до Центарот за досегашната поддршка и соработка и посакуваме Среќни и весели Празници!!!
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Кам Маркет донираше новогодишни пакетчиња кои беа поделени во Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ и на дечиња од семејства во социјален ризик.
Општина Богданци упатува голема благодарност за донацијата. Дечињата беа пресреќни и со задоволство ги примија новогодишните пакетчиња. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи. Им посакуваме среќни Новогодишни и Божиќни празници!!!
Над двеста дечиња од Детската Градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ во Богданци и Стојаково, денес добија новогодишни пакетчиња од општина Богданци.
Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители во општината е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро. Посакуваме секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби.
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници од страна на општина Богданци на лицата по посебни потреби во Дневниот центар во Гевгелија, традиционално како и секоја година им беа поделени пакети со храна и работни материјали.
Во духот на деновите кои ни претстојат, си разменивме честитки и најубави желби за претстојните празници, пред се добро здравје, среќа, радост и многу љубов.
Денес (28.12.2022 година) во 10.00 часот започнува 22-та седница на Советот на Општина Богданци. Истата е достапна во живо на следниот линк 22 седница во живо
Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, и деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, денес потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. Во согласност со договореното, преку разни модели на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање, ќе бидат реализирани разни активности што се од интерес и бенефит за двете страни.
Презентација и пренос на знаења од страна на стручни лица ангажирани од факултетот, организација на едукативни форуми, настани, семинари и обуки, помош при лобирање и ангажирање во поврзување со соодветните партнери кои ќе помогнат за локалниот и регионалниот развој, се само дел од содржината на денес потпишаниот документ.
Заемната размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес ќе има значаен бенефит и за двете институции кои очекуваат овој документ да биде добра основа за плодна соработка.
Акцијата за пошумување која ја организираше Општина Богданци во соработка со Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, денес, 21.12.2022 година, заврши по планираното. Акцијата се одвиваше на опожарениот дел кај брана Паљурци, каде минатата година изгореа околу 50 хектари површина. Се пошумуваше на парцела од 10-тина хектари каде беа засадени околу 20000 парчиња на чемпрес и бор.
Благодарност до учениците од СОУ ,, БОГДАНЦИ ” Богданци, ООУ,,Петар Мусев” и нивните наставници, до Директорот на Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, членовите од планинарското друштво Кожув Гевгелија, до ЈП Комунална Чистота и до општинската администрација.
Општина Богданци е дел од 17 -те општини кои се добитници на грант за развој на социјални услуги на локално ниво, која врз основа на меѓуопштинска соработка ќе го реализира заедно со Општина Гевгелија. Имено, двете општини аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за грант за развој на социјални услуги, распишан од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и секретарот на Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија, Лазар Мешков, во Клубот на пратеници во Скопје, го потпишаа Договорот за доделување грант со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
Од страна на МТСП, за воведувањето и давање на услугата лична асистенција на лица со попреченост, на Општина Богданци и Општина Гевгелија им се одобрени средства во висина од 7.131.336 денари, а двете општини ќе учествуваат со сопствени средства во висина од 277.912 денари. Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија како давател на услугата ќе учествува со 129.600 денари. Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 7.538.848 денари.
Проектот за подобрување на социјалните услуги е финансиран со средства од заем на Светската банка.
Почитувани,
Ве информираме дека Општина Богданци ќе организира акција-пошумување.Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата на ден 21.12.2022 год (среда), во 10:00 часот.Локацијата за пошумување е брана ,,Паљурци”.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |