Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Богданци ги известува граѓаните дека Урбанистичкиот план за подрачја и
градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија –
Грција е достапен за увид на широката јавност и стручната јавност и јавно презентиран од
17.08.2022 година до 18.09.2022 година на веб страната на Министерство за транспорт и врски
како и во електронскиот систем Е-урбанизам, веб страните на Општините Неготино, Демир
Капија, Богданци и Гевгелија. Исто така во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план е
изложен на увид на стручната јавност и на увид и проверка на широката јавност во просториите
на Министерство за транспорт и врски и во Општините Неготино, Демир Капија, Богданци и
Гевгелија, соодветно на административните граници на општините.
Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен
гасовод Република Северна Македонија – Грција, соодветно на административните граници
на Општина Богданци е достапен за увид во хартиена форма во просториите на Одделение за
урбанизам и градежништво во Општина Богданци, од 17.08.2022 година до 18.09.2022 година,
секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧНА РАСПРАВА СО ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Известување за втора ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 16 и 17 Август 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци и тоа со следниот распоред:

  • На 16.08.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;
  • На 17.08.2022 (Среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одбележување на хоризонтална патна сигнализација на улиците Маршал Тито, Бранд Петрушев, Крушевска и Изворски во Богданци

Општина Богданци ги известува граѓаните дека поради уредување на режим на сообраќај и поставување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на улиците ,,Маршал Тито”, (на потегот од општинската зграда до „Бреботекс“) ,,Бранд Петрушев“, ,,Крушевска“ и дел од ,,Изворски“ во Богданци, потребно е да се отстранат сите автомобили од улиците на ден 16.09.2022 г (петок) од 08.30 до 18.00 часот.

          Апелираме до сите учесници во сообраќајот да наидат на разбирање и да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

Известување за второ прскање против возрасни комарци

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека по одложеното второ прскање кое беше предвидено за 25 и 26 Јули 2022 година, авионската дезинсекција против возрасни комарци се поместува за наредниот ден со следниот распоред:

• На 26.07.2022 (Вторник), во општините Струмица и Гевгелија;
• На 27.07.2022 (Среда), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот

Известување

Почитувани,

Пожарот што избувна вчера (24.07.2022 год.) околу 13.30 часот во атарот на село Ѓавато е успешно изгаснат, односно под контрола и нема нови жаришта. Екипите се сеуште на терен и будно ја пратат состојбата.

Пожарот беше со висок ризик и со големи размери, но со залагање на сите присутни, со брза реакција и повеќе часовна борба со огнената стихија се успеа да се локализира и да се заштитат имотите на жителите на село Ѓавато.

Упатувам голема благодарност до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, ШС „Кожув“, Градоначалниците  и Против пожарните единици на општините: Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Дојран, Валандово и Неготино, за нивното залагање, голема поддршка и несебична помош при гаснењето на пожарот.

Исто така голема благодарност и до жителите на село Ѓавото, вработените во ЈП „Комунална чистота“ Богданци и вработените во општина Богданци.

Општина Богданци и граѓаните на општината Ви се благодарни за стореното.

Ја користам приликата да упатам апел сите ние да внимаваме, да се однесуваме одговорно и да направиме се што е во наша можност за да се заштитиме од појава на пожари.

Одложено второто прскање против возрасни комарци на територијата на ЈИПР

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА второто прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 25 и 26 Јули 2022 година.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, затоа истото се планира да се спроведе во текот на неделата.

За точниот датум за спроведување на планираното прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

Второ прскање против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 25 и 26 Јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На  25.07.2022 (Понеделник), во општините Струмица и Гевгелија;
  • На 26.07.2022 (Вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |