Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци и тоа со следниот распоред:
На 12.07.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;
На 13.07.2022 (Среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените две кои се планираат да се спроведат на подрачјето на Југоисточниот плански регион. Со еден третман ќе биде опфатена површина од 82 хектари.
На ден 13.06.2022 година согласно предходните взаемни консултации, Градоначалникот на општина Богданци, Г-ин Блаже Шапов, во просториите на ТППЕ Гевгелија, изврши предавање на значителна противпожарна опрема.
Опремата е набавена во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. (SDC), спроведуван од Програма за развој на обединетите нации (УНДП) како дел од поддршката на општините односно Територијалните Противпожарни Единици.
Заради изведување на градежни работи на завршетокот од улицата Ѓуров Дол во Богданци, односно поставување на лепеза, сообраќајот на овој потег од улицата почнувајќи од денес (11.06.2022) па се до завршување на активностите ќе биде оневозможен. За таа цел отворен е спореден пат. Се надеваме на разбирање.
Оваа гасоводна делница претставува дел од Националниот гасификационен систем во Република Северна Македонија. Проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција претставува проект со кој ќе се обезбеди сигурност во напојувањето со гас, како на Република Северна Македонија така и на регионот. Со оваа делница се обезбедува спој на постојната магистрална мрежа во РСМ со гасоводната мрежа во Грција.
Појдовна точка на трасата во Северна Македонија е границата со Грција во близина на селото Идомени и градот Гевгелија каде завршува грчкиот дел од гасоводот. Завршна точка е веќе изградената блок станица (блок станица БС 7) на новиот гасовод Штип – Неготино, во близина на градот Неготино. Должината на трасата на гасоводот и 68 км и со пречник Ф700.
Инвеститор на Проектот е НЕР АДСкопје – Национални Енергетски Ресурси, акционерско друштво за вршење на енергетски дејности, Скопје, во државна сопственост.
Важност на проектот:
Поддршка на гасификацијата на земјата со обезбедување на интерконекциска точка што може да снабдува големи количини на гас за да се задоволи очекуваниот раст на побарувачката,
Обезбедува сигурност во снабдувањето со нудење диверзификација на извори на снабдување,
Обезбедува интеграција на пазарот со цел да им се овозможи на потрошувачите во Северна Македонија да имаат цени на гасот слични на оние на соседните земји,
Одржлив извор на енергија за земјата која има слаб индекс на интензитет на емисија.
Согласно законската регулатива на РСМ е изработена соодветна техничка документација и постапка за Оцена на Влијание врз Животна Средина (ОВЖС) со цел да се утврди усогласеност со стандардите за животна средина и социјални аспекти, односно осигура дека проектот ги вклучува сите потребни мерки за заштита на животната средина и социјалните аспекти како основен услов за добивање согласност за негова реализација. Покрај применетите национални законски барања исто така се применети Политиките за животна средина и социјални аспекти на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европска Инвестициска Банка.
Изработен е Елаборат за трајна и времена експропријација со кое е утврдена потребата за пристап кон земјиште во општините Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Неготино, односно соодветните катастраски оштини КО Неготино, КО Тимјаник, КО Дуброво, КО Тремник, КО Прждево, КО Чифлик, КО Дрен, КО Демир Капија, КО Петрово, КО Миравци вон град, КО Габрово, КО Смоквица, КО Прдејци, КО Негорци, КО Стојаково, КО Ѓавато, КО Богданци вон град и КО Богородица.
Изработен е исто така План за вклучување на засегнати чинители и заедницата и консултации со јавноста за време на оцената на животна средина и социјални аспкети и развој на техничката документација согласно националната законска регулатива и барањата на ЕБОР.
Генерална поставеност на проектот е представена на следнaта сликa:
Во рамки на процесот на вклучување на засегнати страни жителите имаат можност за доставување на прашања или загрижености преку соодветна комуникација и формулар кој ќе биде објавен на веб-страницата на одговорната институција за проектот Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) или во општините во Проектната област.
Прашањата ќе можат да се поднесат во писмена форма и пополнување на формулар ќе биде достапен во општинската администрација на општините низ кои поминува гасоводот. Освен со писмен формулар, прашањата ќе можат да се поднесат и со контактирање со Одговорните инженери за проектот телефонски или лично.
Контактите со Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) се следните:
Започнувајќи од 04.05.2022 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2 лица (негувател за стари лица) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2022) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци
Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2022) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.
На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– Млади лица до 29 години
– Лица постари од 50 години
– Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
– Лица корисници на гарантирана минимална помош
– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– Жртви на семејно насилство
– Лица со попреченост
– Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
– Лица припадници на ромската етничка заедница
– Лица на кои им е решен статусот со лична документација
– Самохрани родители
– Родители на деца со пречки во развојот
– Родители на 3 и повеке деца
– Лица со незавршено средно или пониско образование
За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:
2 позиции: 2 негуватели за стари лица
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.
Јавниот оглас е отворен од 06.06.2022 до 15.06.2022 година.
Денес (06.06.2022 година) во 12.00 часот започнува 14-та седница на Советот на Општина Богданци. Истата е достапна во живо на следниот линк 14 та седница во живо
На ден 10.05 и 11.05.2022 година, третоодделенците од ООУ ,, Петар Мусев“, беа во работна посета на градоначалникот на Општина Богданци. Тие одблизу и преку директна комуникација се запознаа со начинот на функционирање на локалната самоуправа.
Поставувајќи му прашања, децата научија кои се надлежностите на Општината, со кои проблеми се соочува Градоначалникот и како ги решава истите. Учениците беа информирани за работата на градоначалникот и советот на општината каде на непосреден начин се решаваат проблемите на граѓаните. На овој начин, основците од ова училиште, слушнаа како функционира една општина, што како наставна содржина го изучуваат по предметот ,,Општество’’. Оваа средба ја искористија како можност да ги искажат своите желби и предлози за проекти кои им се потребни во иднина.
Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаичниелектрани со инсталирана моќност до 1MW ) техбр 03-170/2021 од ноември 2021 изработена од ДПТУИ ИДЕА-консалтинг ДООЕЛ – Струмица, со Решение бр 11-814/2 од 19.04.2022год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Пешков Санде ул Маршал Тито бр 82 Богданци.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Подрачна единица Гевгелија ги известува земјоделските производители од Општините Гевгелија, Богданци и Дојран дека започна пријавувањето за субвенции за 2022 година и ќе трае до 31.05.2022.
Пријавувањето се одвива во МЗШВ – Подрачна единица Гевгелија.