По повод освоено второ место на државно првенство на Ракометна Федерација на Македонија, ракометарите – категорија кадети и стручниот штаб на РК МЛАДОСТ 1977 АД Богданци, денеска имаа средба со Градоначалникот, кој го пофали нивниот успех. Домаќин на F4 во Македонија беше РК Младост кој во полуфиналето играше со РК Вардар каде по освоената победа клубот успеа да се пласира во финале со РК Металург Скопје и го освои второто место.
За најдобар играч на ова првенство беше избран ракометарот Стојанче Наумовски.
За таа цел, од страна на Градоначалникот, Блаже Шапов, на ракометарите им беа доделени Благодарници и пехар за особен придонес за развој на ракометот во Богданци.
Градоначалникот изразувајќи го своето огромно задоволство од досегашните постигнати резултати, особено од големиот успех со пласманот во Фајнл фор, им посака што поголеми успеси во иднина нагласувајќи дека ракометарите и понатаму ќе ја имаат неговата поддршка во рамките на можностите на општината со единствена цел за унапредување на спортот во општината.
Започнувајќи од 28.06.2021 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2 лица (негувател за стари лица) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2021) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци
Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за опшптинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2021) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.
На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– Млади лица до 29 години
– Лица постари од 50 години
– Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
– Лица корисници на гарантирана минимална помош
– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– Жртви на семејно насилство
– Лица со попреченост
– Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
– Лица припадници на ромската етничка заедница
– Лица на кои им е решен статусот со лична документација
– Самохрани родители
– Родители на деца со пречки во развојот
– Родители на 3 и повеке деца
– Лица со незавршено средно или пониско образование
За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.
Јавниот оглас е отворен од 04.08.2021 до 13.08.2021 година.
Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 03 до 05 Август 2021 година, со следниот распоред:
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Со овој Јавен повик, СЕ ПОВИКУВААТ сите младински организации, политички подмладоци, ученичките и студентските организации и другите облици на младинско здружување кои реализират активности на подрачјето на Општина Богданци, да номинират свој претставник во Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Богданци.
Јавен повик за формирање на иницијативен одбор за формирање на локално собрание на млади
Ве известуваме дека денес (21.07.2021) во 0800 часот започнува 66-та седница на Советот на општина Богданци.
Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: 66-та Седница во живо
ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И
РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:
Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори
Бр на попи-сен реон
|
Седиште и општини кои влегуваат во пописниот реон | Број на реонски попишувачи според јазикот на кој се врши попишувањето и вкупен број на реонски инструктори | Вкупно реонски инструк-тори | |||||||
вкупно попишу-вачи | македон-ски | албан-ски | турски | ромски | влашки | српски | босански | |||
1 | Берово (за општина Берово и Пехчево) | 70 | 61 | 0 | 5 | 4 | 0 | 0 | 0 | 8 |
2 | Делчево (за општина Делчево и М. Каменица) | 72 | 69 | 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 7 |
3 | Богданци (за општина Богданци) | 23 | 21 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 2 |
4 | Виница (за општина Виница) | 49 | 45 | 0 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 5 |
5 | Крива Паланка (за општина К. Паланка и Ранковце) | 62 | 56 | 0 | 3 | 2 | 0 | 1 | 0 | 6 |
6 | Кратово (за општина Кратово) | 29 | 27 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 3 |
7 | Пробиштип (за општина Пробиштип) | 51 | 50 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 5 |
8 | Свети Николе (за општина С. Николе и Лозово) | 53 | 48 | 0 | 3 | 0 | 2 | 0 | 0 | 5 |
9 | Радовиш ( за општина Радовиш и Конче) | 66 | 55 | 0 | 10 | 1 | 0 | 0 | 0 | 7 |
10 | Неготино (за општина Неготино и Д. Капија) | 52 | 47 | 0 | 3 | 0 | 0 | 2 | 0 | 6 |
11 | Гевгелија (за општина Гевгелија и Дојран) | 88 | 83 | 0 | 2 | 0 | 1 | 2 | 0 | 9 |
12 | Валандово (за општина Валандово) | 30 | 25 | 0 | 3 | 0 | 0 | 2 | 0 | 3 |
13 | Кочани ( за општина Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево) | 104 | 94 | 0 | 3 | 4 | 3 | 0 | 0 | 11 |
14 | Струмица ( за општина Струмица и Василево) | 167 | 157 | 0 | 7 | 3 | 0 | 0 | 0 | 18 |
15 | Ново Село (за општина Босилово и Ново Село | 68 | 65 | 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 7 |
16 | Штип (за општина Штип и Карбинци) | 129 | 112 | 0 | 6 | 5 | 5 | 1 | 0 | 13 |
17 | Кавадарци (за општина Кавадарци и Росоман) | 86 | 82 | 0 | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | 9 |
18 | Велес (за општина Велес, Градско и Чашка) | 166 | 131 | 18 | 6 | 3 | 1 | 1 | 6 | 16 |
19 | Прилеп ( за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани) | 273 | 238 | 15 | 12 | 6 | 0 | 0 | 2 | 27 |
20 | Битола (за општина Битола, Могила и Новаци) | 280 | 254 | 12 | 7 | 3 | 3 | 1 | 0 | 28 |
21 | Ресен (за општина Ресен) | 53 | 41 | 6 | 5 | 1 | 0 | 0 | 0 | 5 |
22 | Охрид (за општина Охрид и Дебарца) | 214 | 186 | 11 | 8 | 7 | 1 | 1 | 0 | 21 |
23 | Струга (за општина Струга и Вевчани) | 142 | 50 | 80 | 8 | 1 | 3 | 0 | 0 | 14 |
24 | Дебар (за општина Дебар и Центар Жупа) | 62 | 13 | 31 | 16 | 2 | 0 | 0 | 0 | 6 |
25 | Демир Хисар (за општина Демир Хисар) | 33 | 33 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 |
26 | Крушево (за општина Крушево) | 21 | 13 | 4 | 1 | 0 | 3 | 0 | 0 | 2 |
27 | Македонски Брод (за општина М. Брод и Пласница) | 45 | 33 | 0 | 12 | 0 | 0 | 0 | 0 | 4 |
28 | Кичево (за општина Кичево) | 128 | 46 | 76 | 4 | 1 | 0 | 1 | 0 | 13 |
29 | Гостивар (за општина Гостивар) | 187 | 37 | 127 | 18 | 5 | 0 | 0 | 0 | 19 |
30 | Маврово Ростуша (за општина Маврово Ростуша) | 34 | 16 | 7 | 11 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 |
31 | Врапчиште (за општина Врапчиште) | 65 | 3 | 54 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 7 |
32 | Тетово (за општина Тетово и Боговиње) | 242 | 49 | 182 | 6 | 5 | 0 | 0 | 0 | 24 |
33 | Теарце (за општина Теарце и Јегуновце) | 77 | 26 | 51 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 8 |
34 | Желино (за општина Брвеница и Желино) | 84 | 16 | 68 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 8 |
35 | Аеродром (за општина Аеродром) | 209 | 191 | 3 | 1 | 2 | 1 | 9 | 2 | 21 |
36 | Бутел (за општина Бутел и Чучер – Сандево) | 100 | 59 | 25 | 3 | 1 | 0 | 10 | 2 | 10 |
37 | Кисела Вода (за општина Кисела Вода и Сопиште) | 188 | 168 | 10 | 1 | 2 | 2 | 4 | 1 | 19 |
38 | Чаир (за општина Чаир) | 113 | 36 | 65 | 7 | 2 | 0 | 0 | 3 | 11 |
39 | Ѓорче Петров (за општина Ѓ. Петров) | 101 | 88 | 4 | 2 | 3 | 0 | 3 | 1 | 10 |
40 | Сарај (за општина Сарај) | 70 | 4 | 63 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 7 |
41 | Карпош (за општина Карпош) | 174 | 158 | 6 | 2 | 2 | 1 | 5 | 0 | 17 |
42 | Центар (за општина Центар) | 165 | 145 | 5 | 2 | 4 | 2 | 7 | 0 | 17 |
43 | Студеничани (за општина Студеничани и Зелениково) | 50 | 10 | 29 | 7 | 0 | 0 | 0 | 4 | 5 |
44 | Шуто Оризари (за општина Шуто Оризари) | 43 | 9 | 7 | 0 | 27 | 0 | 0 | 0 | 4 |
45 | Гази Баба (за општина Гази Баба) | 145 | 110 | 27 | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 15 |
46 | Арачиново (за општина Арачиново) | 17 | 0 | 17 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 |
47 | Петровец (за општина Петровец) | 27 | 16 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 5 | 3 |
48 | Илинден (за општина Илинден) | 41 | 38 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | 4 |
49 | Куманово (за општина Куманово и С. Нагоричане) | 258 | 164 | 61 | 2 | 9 | 0 | 22 | 0 | 26 |
50 | Липково (за општина Липково) | 49 | 0 | 49 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 5 |
III. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.
III.1 Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.
а) Општи услови
б) Дополнителни услови
V.Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање(проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер).
VI.Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.
VII. Времето (часот) на почетокот на тестирањето и местото (просториите) каде што ќе се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.
VIII. Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика
https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx во периодот од 20.07.–05.08.2021 година.
IX. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 09.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
X.Потребните документи кои кандидатите треба да ги достават се:
а) Доказ за државјанство – фотокопија од:
б) Доказ дека има завршено најмалку средно образование – фотокопија од:
в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос
г) Писмена изјава дека има познавање од работа со персонален компјутер
XI. Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело.
XII. Кандидатите со некомплетни документи нема да бидат земени предвид при разгледувањето.
XIII. Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани ќе го изврши Директорот на Државниот завод за статистика, по предлог од надлежната работна група формирана за секој пописен реон.
XIV. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 3 дена по тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.
Државен завод за статистика
Почитувани,
Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, на ден 16.07.2021 година (петок) во периодот од 08.00 до 11.00 часот без снабдување ќе останат сите корисници во с.Ѓавото како и околните корисници Водовод, Ѓавото, Препумпна станица и ТС Баџо.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |