Денес, 16ти Декември, во 13.00 часот започнува 60-та седница на Совет на општина Богданци. За да ја проследите во живо, следете го линкот: 60-та седница во живо
Денес, 16ти Декември, во 13.00 часот започнува 60-та седница на Совет на општина Богданци. За да ја проследите во живо, следете го линкот: 60-та седница во живо
Ги известуваме жителите на с.Селемли дека од наредната недела почнувајќи од 09.12.2024год. ќе имаат прекин во водоснабдувањето, бидејќи ќе се одвиваат градежни активности за реконстукција на резервоарот за вода. Прекинот ќе биде се до завршување на активностите, односно до крајот на неделата 13.12.2024год., доколку дозволат временските услови. Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање.
Се известуваат граѓаните дека од утре, 28.11.2024 година (петок) ќе се започне со подготовка за асфалтирање и асфалтирање на дел од Локален пат – влез 1 во Богданци. За таа цел патот ќе биде целосно затворен за сообраќај и истиот ќе биде пренасочен преку обиколницата се до целосно завршување на градежните активности.
Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање и да ја почитуваат воведената сигнализација со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Општина Богданци ги известува граѓаните дека одобрена е Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктура со намена Е1.6 – Канализациски инфраструктури (фекална и атмосферска канализација) во Богданци, КО Богданци и КО Богданци вон град – општина Богданци тех бр 127/2024 – У од ноември 2024 изработена од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш, со Решение бр 11-1616/7од 25.11.2024год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.
Општина Богданци се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:
Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.
Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.
Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.
Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.
Вклучете се во креирање на транспарентна општина.
Дознајте повеќе за:
Општина на дланка (мк)
Македонски Каритас во рамки на проектот Your Job II објавува јавен повик за учество на конкурс за финансирање и започнување на приватен бизнис или социјално претпријатие.
Учество на тренингот е предуслов за конкурирање за неповратни средства за започнување на сопствен бизнис. Во текот на тренингот, од 20 – 25 млади луѓе, на возраст од 18 до 35 години, ќе имаат можност да развијат вештини и да стекнат нови знаења за пишување бизнис план, започнување и водење сопствен бизнис.
Посебно вниманието ќе биде насочено кон концептите на социјално претприемништво и развој на „зелени бизниси“.
Тренингот (bootcamp) ќе се одржи од 16, 17 и 18 декември, 2024 година.
Можност за учество ќе имаат млади од Општина Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Општина Гевгелија и Општина Богданци. Од сите пријавени кандидати, до 25 лица ќе имаат можност за учество на тренингот. Пријавата за учество е следниов линк: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
Рок за пријавување: 02 декември, 2024 година, до 16:00 часот.
Целта на Your Job проектот е интеграција на младите од 15 – 35 години на пазарот на труд, преку развивање професионални вештини и создавање деловни можности.
Донатори на проектот се Реновабис Германија и Каритас Австрија.
Проектот се имплементира во шест општини: Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Гевгелија и Богданци.
За дополнителни информации обратете се во канцеларијата на Македонски Каритас, ул. Младинска бр. 113 Струмица, емаил: vangelovska.mk@gmail.com и amladenovski.mk@gmail.com Тел. броеви 072 221 763 и 072 221 733
Заедно креираме Буџет за 2025 година
Градоначалникот на општина Богданци ги повикува ѓраѓаните
Општина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2025 година, со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на Граѓански Буџет за 2025 година , отворени се електронски алатки преку кои секој ѓраѓанин сопствените предлози и идеи може да ги достави.
Општина Богданци е секогаш тука да ги проследи сите предлози и заедно со одделенијата да го оцениме приоритетите кои ќе влезат во програмите за 2025 година.
Предлозите и идеите од денес ќе може да се достават со пополнување на
На овој начин креираме Буџет на кој приоритетите ги одредуваме заеднички.
Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби/сесии со граѓаните по населените места, со следниот распоред:
18.11.2024 година (понеделник)
17:30 до 18:30 часот во с. Селемли (Месна заедница)
19.11.2024 година (вторник)
19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково (во дом на култура)
20.11.2024 година (среда)
19:00 до 20:00 часот во Богданци ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)
22.11.2024 година (петок)
18:00 до 19:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)
Сите Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на средба со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.
Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот за 2025 година.
Денес, 14-ти ноември, во 12.00 часот започнува 59-та седница на Совет на општина Богданци. За да ја проследите во живо, следете го линкот 59- та седница во живо.
Линк за следење на 58-та седница во живо: https://youtube.com/live/gU7EfYd_Jts?feature=share
Денес, 28.10.2024 година Градоначалникот на општина Богданци ги потпиша Договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт за реализација на два проекти:
Општина Богданци аплицираше на објавениот Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година. Општината аплицираше со овие два проекти, и врз основа на Одлуката за користење на капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспорт за 2024 година, одобрени се финансиски средства во износ од: 17.682.940,00 мкд за проектот „Реконструкција на мост преку река Луда Мара“, и 2.021.340,00 мкд за проектот „Рехабилитација на улица Бошко Буха во Богданци“.
Проектите ќе овозможат унапредување на локалната инфраструктура во општина Богданци,подобрување на квалитетот на живот преку изградба на современа и функционална инфраструктура како и Зголемување на безбедноста во сообраќајот и на економскиот раст и развој во општина Богданци.
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |