Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Реконструкција на улица Бранд Петрушев во Богданци

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата, на 10.07.2021 година се склучи договор за изведба на проектот „Реконструкција на улица Бранд Петрушев во општина Богданци“.  Договорни страни се Владата на Република Северна Македонија претставувана од Заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Бетиќи како „Инвеститор“, Тав Македонија ДООЕЛ како „финансиер“,ТАФ ТЕПЕ АКФЕН како „Изведувач“ и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов како „Корисник на проектот“.

Проценетата вредност на договорот изнесува 10.360.495 денари. Улицата е изградена и асфалтирана 1985 година и асфалтната површина е доста оштетена.Со концепцијата на техничкото решение се предвидува гребење на површинскиот слој и поставување на нов слој асфалт БХНС 16 Д=7см.Се предвидува и оформување на тротоари од двете страни со променлива ширичина. Тротоарите се предвидени да се изведат од бехатон елементи 10х20 х 6 см во сива боја. Одводнувањето на улицата е овозможено со надолжни и попречни наклони на истата .Дождовната вода од коловозната површина ќе се одведува преку собирна решетка и со ПЕ НД 315 цевка ке се одведува до реципиент(суводолица) Гегова река. На краевите односно на распон до 100 м се предвидува да се постават ревизиони шахти со метален капак .

Целта на проектот е подобрување на добросостојбата и условите на живеење на граѓаните во општината.

 

СО ШВАЈЦАРСКА ПОДДРШКА БОГДАНЦИ ДОБИ НОВО СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНО КАТЧЕ И СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Општина Богданци ја подобри сообраќајната безбедност и финализира нов простор за спорт и рекреација благодарение на вклученоста на граѓаните во процесот на локален развој преку Форумите во заедницата, организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од УНДП, во соработка со 24 општини.

Денеска, амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан и Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски го посетија Богданци за да ги видат резултатите од овие проекти и за да ја отворат форумската сесија на која граѓаните и општината ги разгледуваа резултатите од оваа заедничка иницијатива. Воедно, делегацијата одржа средба со градоначалникот Блаже Шапов и претседателката на општинскиот совет Елена Шутарова на која беше дискутирана соработката меѓу Владата на Швајцарија и Општина Богданци со поддршка на УНДП во унапредување на процесот на децентрализација и зајакнување на капацитетите на општината за отчетно и транспарентно работење, како и за понатамошните можности за вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси врзани со локалниот развој.

Во текот на 2020 година, граѓаните на Општина Богданци преку серија на форумски сесии одлучија да им дадат приоритет на иницијативи за изградба на ново спортско-рекреативно катче на отворен простор и зголемување на сообраќајната безбедност преку поставување на нова сигнализација на 20 улици и измена на сообраќајниот режим со четири нови училишни зони.

„Прво рангираниот приоритетен проект „Безбеден граѓанин, среќен граѓанин – Уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Богданци“ беше целосно реализиран кон крајот на минатата година. Со проектот е воведен нов режим на сообраќај пред основното општинско училиште и пред детската градинка. Беа  поставени 745 различни сообраќајни знаци и табли. Се обележаа 2.800 квадратни метри сообраќајна површина и се уредија паркинзи, од кои 3 за лица со инвалидитет, и се поставија 32 квадратни метри тактилни плочи за слепи лица. Проектот чинеше 2.155.413 денари. При крај е и реализацијата на  второ рангираниот проект „Повеќенаменско спортско-рекреативнo катчe за деца и млади“ кој произлезе како предлог од младите во Богданци, и кој ќе се реализира со остатокот од средствата од донаторот и од општинскиот буџет, со вредност од 2.270.662 денари“, објасни градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.

Овие проекти беа финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 2,7 милиони денари. Со вкупно 3,5 милиони франци, Швајцарската агенција за развој и соработка го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините.

„Овие проекти се резултат на споделувањето на идеи и приоритети за локалниот развој од страна на граѓаните, преку Форумите во заедницата. Форумите се покажаа како ефикасен механизам за локалната демократија и директно граѓанско учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Овој процес го поддржуваме низ целата земја од 2018 година, со вкупно 24 проекти на Форумите во заедницата спроведени со швајцарско финансирање. Преку овие проекти, ние помогнавме да се подобрат општинските услуги во областа на образованието, животната средина, културата, водоснабдувањето, комуналните услуги и урбанистичкото планирање. Дополнителен придонес на Форумите е што ги поттикнуваат граѓаните да размислуваат за локалниот развој како колективна одговорност, наместо само како институционалното прашање. Кога граѓаните чувствуваат дека имаат сопственост врз проектите за локален развој, многу е веројатно дека тие проекти ќе бидат одржливи“, изјави Сибил Сутер, амбасадорката на Швајцарија, во своето поздравно обраќање на форумската сесија.

Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со глобалните Цели за одржлив развој поставени од Обединетите нации и приоритетите на Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа.

„Доброто управување и локалната демократија се основата на работата на УНДП во Северна Македонија и затоа сум среќна што сум денес тука за да видам лично некои од одличните резултати што доброто управување може да ги донесе. Највидливите резултати, благодарение на финансиската поддршка на Швајцарската влада, се пристапноста и безбедноста во сообраќајот, како и подобри услови за спорт и рекреација за сите граѓани. Но, најголемата придобивка од овој проект е постепената промена во културата на локално управување, како кај граѓаните, така и кај локалните власти“, изјави Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП.

На Форумот на заедницата во Богданци се обрати и заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски кој ја потенцираше важноста на граѓанството учество за процесот на децентрализација.

„Владата работи на продолжување на процесот на децентрализација. Во фокусот се пренесувањето на нови надлежности и доволно финансиски ресурси за спроведување на локалните политики. Третата најважна работа е обезбедување на услови за транспарентно и отчетно работење на локалните власти. Не може да се зборува за успешна децентрализација, за транспарентност и отчетност без директно учество на граѓаните во креирањето на локалните политики.    Затоа, оваа воспоставена пракса треба да обезбеди одржливост. Локалните власти и граѓаните се партнери во донесувањето на одлуките. Одлуките донесени без учество на граѓаните можат да бидат легални, но без обезбеден легитимитет, потврден од граѓаните се доведува во прашање и взаемната доверба и нивното спроведување“, изјави Димитровски.

Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Преку проектот досега беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците и нивно вмрежување, подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините преку примена на иновативни алатки, и зголемување на граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Почнувајќи од 2018 година одржани се вкупно 125 форумски сесии во 24 општини на кои учествуваа околу 8.500 граѓани, жители од избраните општини.

 

Потпишан колективен договор за вработените во општина Богданци

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, на ден 02.07.2021 година потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација при општина Богданци, Марјан Пеев, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Колективниот договор за вработените во општина Богданци е надоградба на Гранскиот колективен договор  за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија потпишан во Февруари 2020 помеѓу Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Претседателот на синдикат УПОЗ Пецо Грујовски.

Со овој договор се уредуваат статусот,правата,обврските одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во општината.

Потпишувањето на договорот е чин на афирмирање на социјалното партнерство на ниво на организација.

 

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 07 до 09 Јули 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 07.07.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 08.07.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 09.07.2021 година (Петок), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 

Известување за оддржување на јавна расправа

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ,

АД ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА ДЕН 07.07.2021 ГОДИНА ВО 9:30 ЧАСОТ ,ВО ПРОСТОРИИТЕ НА “ДОМ НА КУЛТУРА“ ВО БОГДАНЦИ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА “СТУДИЈАТА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ВЕТЕРЕН ПАРК БОГДАНЦИ  – II ФАЗА“

 

                                                               А.Д.ЕСМ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основно училиште со ресурсен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат  услугата  образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село го има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село,  ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434

И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент

Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија  (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава(VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село.

За регионот кој го покрива ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село, согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година.

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969

Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција  е 5 (пет) работни дена од денот на објавување до 02.07.2021 година.

Следење во живо на 65-та седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека денес (29.06.2021) во08.00 часот започнува 65-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: 65- та Седница на Советот на О Б

Се оддржа промоција на книгата „Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“

Денес, 24.06.2021 година во 11:00 часот во Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци се одржа промоција на книгата „ Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“, чиј автор е професорот Живко Исак Заев,  во издание на Печатница „Софија“ Богданци. За книгата, а и за делото на Борис Џонов, зборуваа рецензентот, професор доктор Тодор Чепреганов, синот на Борис Џонов, професор доктор Илија Џонов и авторот на монографијата, професор доктор Живко Исак Заев.

      

Борис Џонов е роден во Богданци. Потекнува од сиромашна фамилија. Тој бил македонски револуционер и национален деец, борец за националната слобода и за обединување на македонскиот народ. За слободата на својот народ го даде и својот живот. Тој во таа борба не ја дочека слободата на својот народ но победи неговото револуционерно дело. Борис Џонов својот живот и борбен пат го споделува со видните македонски борци во борбата за создавање слободна македонска држава, јазик и култура.

Спомен обележје за ликот и делото на Борис Џонов во Богданци е бистата со неговиот лик во центарот на Богданци каде пред промоцијата на книгата беше положено свежо цвеќе од страна на Градоначалникот Блаже Шапов, Претседателот на Советот Елена Шутарова, синот Илија Џонов и членовите на семејството Џонови.

Реконструкција на локален пат Л603 од Стојаково до Ѓавото

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021 и 2022 година, на 21.06.2021 година се склучи договор за реализација на проектот – „Реконструкција на локален пат Л603 од с.Стојаково до с.Ѓавото општина Богданци, фаза од км0+000 до км 1+010“.  Договорни страни се Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој застапуван од директорот Рамиз Реџепи од една страна и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов.

Со проектот се планира ископ на постоечката коловозна конструкција со цел вградување на нова коловозна конструкција и изградба на соодветен одводен систем за одведување на атмосферските води. Со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците ќе се изгрaди и тротоар од левата страна со ширина од 1,3м. За таа цел, доделени се средства во износ од 13.861.125 денари како учество на Бирото за регионален развој. Следува спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач.

Објавен оглас за реконструција на шест улици во Стојаково

Општина Богданци објави оглас за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на шест улици во населено место Стојаково. Станува збор за улиците: „Леонид Јанков“, „Солунска“, „Дваесетипетмина крак 1“, „Дваесетипетмина крак 2“, „Карпошева крак 2“, и улица „Јане Сандански“ со вкупна должина од 1235 метри.

Сите заинтересирани правни лица понудите може да ги достават најдоцна до 06.07.2021 година, 12 часот.

Средствата за реализација на договорот во износ од 3.000.000,00 денари се озбезбедени од страна на Бирото за регионален развој, во рамки на реализација на проектот „Подобрување на сообраќајната инфраструктура преку реконструкција на шест улици во село Стојаково“ а остатокот од Буџетот на општина Богданци.

Огласот, тендерската документација како и сите прилози кон истата се достапни на следниот линк.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |